Консалтинг

Симпозион нуди специјализирани консалтинг услуги во неколку професионални области. Нашиот тим, составен од сертифицирани консултанти, експерти во специфични професионални области располага со големо искуство и знаење што ќе ви помогне да ги разрешите сите дилеми и проблеми со кои се среќавате.

Нашата консултантска експертиза ги засега примарно јавните набавки, без оглед дали спроведувате или учествувате во постапките за јавни набавки, заради што подготвивме цел пакет консултантски услуги, прилагоден за двата типа корисници: договорни органи и економски оператори.

Јавни набавки – договорни органи

Консултантските услуги во областа на јавните набавки за договорните органи опфаќаат:

  • Стручна помош во изработката на интерни акти на договорниот орган во областа на јавните набавки.
  • Подготовка на тендерска документација.
  • Проверка на тендерската документација изработена од страна на договорните органи.
  • Стручна помош на Комисијата за јавни набавки.
  • Стручна помош во евалуацијата/стручното оценување на понудите.
  • Постапка на правна заштита (претходна анализа на поднесена жалба и помош во изготвување на адекватен одговор по жалба).
  • Изработка на барање за добивање на мислење од Бирото за јавни набавки.
  • Изработка на предлог одговор на жалба до  ДКЖЈН.
  • Стручна помош во сите чекори од спроведување на постапките за јавни набавки преку ЕСЈН.
  • Организирање советодавни состаноци/работилници.
  • Усни и писмени консултации и други услуги во врска со планирање, спроведување и реализација на постапките за јавни набавки.

Начин на работење

Соработката со клиентите (договорните органи) ја реализираме на два начини:

» Обезбедување услуги за определен временски период (вообичаено не пократок од 6 месеци), при што наша обврска е да ги обезбедиме сите горенаведени услуги, без оглед на бројот и видот на постапките за јавни набавки што ќе бидат реализирани од страна на договорниот орган во тој временски период).

» Обезбедување услуги за конкретна работа (пример: само за изработка на ТД за конкретна јавна набавка), при што наша обврска е да ја извршиме договорената работа во определен временски рок, а со завршувањето на работата, се комплетира и нашата соработка.

Клиентите кои често имаат потреба од услугите што ги обезбедува Симпозион се определуваат за првата варијанта, додека другата е посоодветна за клиентите кои имаат потреба за точно определена работа.

Јавни набавки – економски оператори

Консултантските услуги во областа на јавните набавки за економските оператори опфаќаат:

  • Усни и писмени консултации.
  • Анализа на целокупната тендерска документација.
  • Анализа и толкување на дополнителните услови, технички барања и критериуми од тендерската документација.
  • Изработка на check list – листа на неопходни документи и сите услови (општи и дополнителни) што се потребни за учество во конкретна постапка за јавна набавка.
  • Изработка на договор за поднесување групна понуда и договор за техничка поддршка (зависно од начинот на учество).
  • Подготовка на барање за дополнителни информации или појаснување на тендерска документација, потребни за подготовка на понуда.
  • Подготовка на исправна понуда и нејзино поднесување преку ЕСЈН.
  • Помош при спроведување увид во документацијата од спроведената постапка.
  • Помош во постапката за правна заштита (изработка на жалба, следење на жалбената постапка пред ДКЖЈН и др.).

На економските оператори им нудиме и советодавна помош при учеството во постапките за јавни набавки што се спроведуваат во соседните земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговија, Косово, Хрватска и Словенија.

Начин на работење

Соработката со клиентите (економските оператори) ја реализираме на два начини:

» Обезбедување услуги за определен временски период (вообичаено не пократок од 6 месеци), при што наша обврска е да ги обезбедиме сите горенаведени услуги, без оглед на бројот и видот на постапките за јавни набавки во кои учествува економскиот оператор во тој временски период).

» Обезбедување услуги за конкретна работа (пример: само за изработка на жалба), при што наша обврска е да ја извршиме договорената работа во определен временски рок, а со завршувањето на работата, се комплетира и нашата соработка.

Клиентите кои често имаат потреба од услугите што ги обезбедува Симпозион се определуваат за првата варијанта, додека другата е посоодветна за клиентите кои имаат потреба за точно определена работа.


Аплицирање за проекти и грантови

Симпозион нуди консалтинг и помош при подготовка на документацијата за апликации за проекти и грантови на правни субјекти (невладини организации, институции и фирми) на конкурси од секаков вид домашни и странски фондации и програми за развој.

Асистенција во сите фази од разработката на идејата во конкретна проектна апликација:
1) фаза на анализа (анализа на учесници, анализа на проблеми, анализа на целите и избор на стратегија);
2) фаза на планирање (операционализација на резултатите од анализата, буџетирање и пополнување на Матрицата на логичка рамка).

Ви нудиме соработка со експерти со одлично познавање на процесот и алатките на Приодот на логичка рамка (ПЛР) кој – без разлика на разнообразната терминологија и формати користени од различните фондации – е основниот аналитички приод за планирање и управување на проекти. Поттикнуваме примена на аналитичките алатки на инклузивен начин и помагаме во организирањето на тимска работа и ефективно учество на сите партнери. Во подготовка на каков било проект, клучна е еднакво споделената сопственост над проектната идеја од страна на сите партнери.

Контактирајте нè со вашата специфична идеја и потреба.

Симпозион – консалтинг