Во одлична работна атмосфера за време на сесиите и пријатна работно-друштвена атмосфера за време на паузите протече интерактивната обука на тема „Законот за облигациони односи и договорите за јавни набавки“ која Симпозион ја реализира на 3 ноември 2017 во хотелот „Сити парк“ во Скопје.
На кој начин се одвива примената на Законот за облигационите односи на договорите за јавни набавки? Редица прашања поврзани со овој сегмент од работата со јавните набавки беа разјаснети од страна на предавачката проф. д-р Ј. Дабовиќ Анастасовска, редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, автор и коавтор на повеќе стручни книги и прирачници од областа на облигационото право. Кои се ризиците т.е. правните последици за договорните страни во случај кога не се исполнуваат договорните обврски, кога може да се направи приговор за неисполнување на договор или да дојде до раскинување на договорот – ова се само дел од прашањата по кои присутните имаа можност да стекнат знаење од професионалец во областа. Предавачката м-р М. Малахова дополнително ја збогати теоријата со совети и знаења стекнати преку примери од праксата, од позиција на претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Тимот на Симпозион особено се радува на високите оценки од страна на учесниците за логистичката, тематската и организациската подготовка на обуката и продолжува со развивање содржини за понатамошно проширување на професионалното знаење во областа на јавните набавки.
Повеќе слики од обуката можете да видите на нашата Facebook страна.