Две тематски работилници на преминот од октомври во ноември

Едукација

Во периодот што претстои, Симпозион со задоволство ви најавува две нови тематски работилници на кои учесниците ќе имаат можност да се стекнат со продлабочени знаења од две исклучително важни области.

На 31 октомври, во хотелот „City Park“ во Скопје, ве покануваме на тематска работилница „Дисциплинска постапка за административни службеници и најчести пропусти на првостепените органи при водење на постапката“. Во рамките на оваа еднодневна работилница, ќе се потсетиме на законските и подзаконски одредби за водење квалитетна и законита постапка за утврдување дисциплинска одговорност на административните службеници.

Во фокусот ќе биде ставено презентирањето на најчестите пропусти кои што ги прават првостепените органи при спроведување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на административните службеници.

Внимание ќе се посвети на некои битни, конкретни прашања за кои може да дознаете повеќе во целосната покана и агенда за работилницата. За учество ве молиме пополнетиот пријавен лист да го испратите најдоцна до 29 октомври 2018 год. по електронска пошта на нашата адреса: info@simpozion.com.mk.


На 1 ноември, во хотелот „City Park“ во Скопје, ви ја најавуваме работилницата: „Мeханизми за проценка на ризици во работењето на организациите, вклучувајќи и ризици од корупцијаКако се воспоставуваат ефективни системи за управување со ризиците? Како се постигнува  „транспарентност и отчетност“ во управувањето со јавните финансии? Проценката на ризиците е подеднакво значајна за организациите од јавниот и приватниот сектор.

На оваа работилницата ќе се запознаеме со методологијата што се применува согласно Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, надградена со насоките за проценка на ризици од корупција изготвени од UNODC за потребите на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата.

Преку презентации, практични примери и дискусија, ќе бидат опфатени неколку теми и прашања:

  • Стандардите за внатрешна контрола во јавниот сектор со посебен осврт на управувањето со ризиците
  • Клучни активности за подготвување на стратегијата за управување со ризици и нејзина поврзаност со проценката на ризици од корупција и судир на интереси
  • Постои ли потреба од дополнителна методологија за проценка од ризик на корупција / меѓународни истражувања / препораки.

Темите што ќе бидат обработени на работилницата се од особена корист и за вработените во јавниот или приватниот сектор и имаат за цел да овозможат лицата што работат на проценка на ризици во нивните организации да се здобијат со дополнителни сознанија за целата постапка.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во поканата и агендата за истата, а за учество ве молиме пополнетиот пријавен лист да го испратите најдоцна до30 октомври 2018 год. на нашата официјална имејл адреса: info@simpozion.com.mk.

Заради ефективност во работењето, вкупниот број учесници во секоја од работилниците е ограничен.