Едукацијата во областа на канцелариското и архивското работење продолжува со успешно развивање

Архива

Кога станува збор за предизвиците на канцелариското и архивското работење, обуките организирани од Симпозион, а водени од еден од најголемите експерти во оваа област во Македонија, проф. д-р Ацо Ангеловски, стануваат вистински препознатливи.

На 10 октомври 2018 год. во Скопје, по петти пат успешно реализиравме обука од областа на архивсктиката, овојпат на тема „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење и новините што се претсојат во оваа област“. Содржините и концептот на овие обуки, во авторство на Ангеловски, континуирано се развиваат и усовршуваат врз основа на повратните коментари, потребите и препораките од учесниците по секоја од спроведените сесии. Оттаму, уште еднаш, во одлична атмосфера заокруживме една квалитетна едукативна средба со мнозинство задоволни учесници.

Се дискутираше за новините во законската регулатива за архивската дејност, во однос на правата и обврските на имателите како и надлежноста на архивите. Беа посочени и одредени недоследности и пропусти во работењето на имателите, со можни решенија за нивно надминување. Секој од учесниците си замина и со примерок од книгата „Канцелариско и архивско работење од Проф. Д-р Ацо Ангеловски.

Ве покануваме да ги разгледате претстојните обуки во организација на Симпозион:

Зголемување на обврските на трговците и давателите на јавни услуги во потрошувачките односи и предизвиците на хармонизација на домашното со европското потрошувачко право“ (26 октомври, во хотелот „City Park“ – Скопје)
Дисциплинска постапка за административни службеници и најчести пропусти на првостепените органи при водење на постапката“ (31 октомври, во хотелот „City Park“ – Скопје)
Мeханизми за проценка на ризици во работењето на организациите, вклучувајќи и ризици од корупција“ (1 ноемвр, во хотелот „City Park“ – Скопје)