На 5 јуни 2017 во хотелот „City Park“ во Скопје, Симпозион спроведе обука која со пренесените содржини направи сериозен исчекор кон обогатување на искуството и професионалноста во работењето со јавните набавки.
Обуката беше спроведена како платформа за запознавање на договорните органи со ставот и препораките на БЈН, СЈН и ДКЖЈН, со цел да им се овозможи во иднина да ги имаат предвид истите при спроведувањето на постапките за јавни набавки, во насока на подобрување на своето работење.
Стана збор за најчестите проблеми и повреди на законот при спроведувањето на постапките за јавни набавки, идните законски измени што се очекуваат, проблемите кај постапките за добивање согласност од СЈН, најчестите пропусти при изготвување на барањата во техничките спецификации и условите за докажување на способноста, досегашните искуства за причините за добивање жалби и препораки за нивно избегнување, можни повреди на договорниот орган во постапувањето по поднесена жалба и сл.
Предавачи на обуката беа првите луѓе на трите институции: Александар Аргировски, в.д. директор на Бирото за јавни набавки; Борче Христов, претседател на Советот за јавни набавки, и Маја Малахова, претседателка на Државната комисија за жалби по јавни набавки, како луѓе со долгогодишно искуство и подробно познавање на соодветните области. Квалитативниот праг на обуката беше на исклучително високо ниво.