Законот за облигациони односи и договорите за јавни набавки (24 ноември)

Едукација

Примената на Законот за облигационите односи и заштитата на страните и нивните права и обврски во парнична постапка пред редовните судови на договорите за јавни набавки, настапува од моментот на стапување во сила на договорот или произведување на правно дејство помеѓу договорните страни на договорите за јавни набавки.

Преку оваа обука, учесниците ќе имаат можност да се едуцираат за примената на Законот за облигациони односи на договорите за јавни набавки, при што вниманието посебно ќе биде насочено кон добивање одговор на следниве прашања: 1) дали тендерската документација води кон задолжително склучување на договорите и дали постои можност да не се склучи договор за јавнa набавкa; 2) што е тоа пред–договор, а што модел на договор; 3) кои се правата и обврските на договорните страни и кој е ризикот-правните последици во случај кога не се исполнуваат договорните обврски; 4) дали договорите за јавни набавки можат да содржат извршна клаузула; 5) како се толкуваат договорите и посебно договорите за јавни набавки; 6) кога може да се направи нотификација или приговор за неправилно исполнување или неисполнување на договор; 7) кога може да дојде до раскинување на договор поради неправилно исполнување или поради неисполнување на договорот; 8) кога може да дојде до раскинување или измена на договорот поради променети околности; 9) што е тоа невозможност за исполнување на договорот и какви се правните последици; 10) кога се активира банкарска гаранција; 11) за кои обврски и кога тече казнена камата; 12) дали е можно пребивање (компензација) кај договорите за јавни набавки; 13) дали институтот отпуштање на долг може да се примени кај договорите за јавни набавки; 14) што е тоа застареност и кога настапува; дали е можно отстапување на побарување (цесија) кај договорите за јавни набавки; 15) каква е одговорноста за материјалните недостатоци и кои се обврските од гаранцијата за исправно функционирање на испорачаните стоки; 16) кои се начините за престанување на договорот за јавнa набавкa; 17) што е тоа договор за контрола на стоки и услуги.