Со задоволство ви ја најавуваме и втората интерактивна обука која Симпозион ќе ја реализира во месец март:
ЗНАЧАЈНИ АСПЕКТИ НА ФИНАНСИСКОТО УПРАВУВАЊЕ
И КОНТРОЛА КАЈ СУБЈЕКТИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР
16 март во хотел Best Western во Скопје
На оваа интерактивна обука ќе бидат опфатени потребните активности за воспоставување на системот на јавна внатрешна финансиска контрола согласно релевантната законска регулатива и стратешките документи, состојбите, утврдените слабости и недостатоци и препораки за надминување на констатираните слабости во однос на финансиското управување и контрола, кое претставува законска обврска за сите буџетски корисници од областа на законодавната, извршната и судската власт, фондовите, општините и градот Скопје.
Финансиското управување и контрола е од голема важност, а целта е подобрување на финансиското управување заради:
- извршување на работите на правилен, ефикасен, економичен и ефективен начин
- усогласување на работите со законската регулатива и интерните акти
- заштита на имотот и останатите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување
- јакнење на одговорноста при при извршување на задачите и
- правилно евидентирање на финансиските трансакции.
На работилницата, ќе се посвети внимание и на практично пополнување матрици за проверка на компонентите на системот за финансиско управување и контрола, со цел да се утврдат:
– Состојбите во однос на имплементацијата на компонентите на финансиско управување и контрола (што е имплементирано, а што не);
– Предизвици во однос на состојбите каде што се утврдени слабости и недостатоци;
– Препораки за постигнување подобрувања.
Ве молиме да ја разгледајте комплетната покана и агенда, а овде може да го преземете пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk.