Исклучително успешна работилница: Оценување и стручно усовршување на административните службеници

Архива

Пред неполна недела, на 5 и 6 јули 2018 година, Симпозион вброи уште една исклучително успешна тематската работилница, овој пат на тема „Oценување, стручно усовршување, дисциплинска и материјална одговорност на административните службеници: законска рамка и практични примери“. Обуката, која се одржа во хотелот „Сириус“ – Струмица, беше највисоко оценета од учесниците, како во поглед на пристапот кон темите од страна на предавачите, така и во поглед на условите во кои протече во и вон работните сесии.

Преку обработка на темата оценување на административните службеници во рамките на дводневната работилница, фокусот беше поставен на прашањата што ја опфаќаат потребата од оценување на административните службеници, моделот на оценување „360 степени“, носителот и предметот на оценувањето, неопходните предуслови за постапката оценување, годишната оцена, годишниот извештај за оценување со ранг-листа и надомест за успешност во работењето, со посебен акцент на спроведувањето на полугодишното интервју. На учесниците, воедно, им беа презентирани новините во обрасците за оценување, содржани во новиот Правилник за начинот на спроведување на полугодишното интервју.

Работилницата беше заокружена со споделено задоволство од страна на сите вклучени, па, планираме продолжување на тематските работилници во оваа област, како и користење на истиот контекст за други обуки, семинари и работилници по летните одмори.

Ви посакуваме добар одмор и обновување на енергијата потребна за месеците што престојат. Во меѓувреме, Симпозион останува постојано на располагање за совети од областите во кои што организира едукација.