Со задоволство Ви ја најавуваме обуката на тема „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење“, која Симпозион ја организира на 16 април во хотелот „City Park“ – Скопје.
На обуката за оваа тема на соодветен начин ќе се прокоментира за значењето на архивскиот материјал, ќе се направи одредена паралела и анализа за новитетите во законските и подзаконските акти и основните техники во канцелариското и архивското работење. Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување.
Со котизација од 6.950 денари + 18% ДДВ, имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество, работен материјал од работилницата, како и гратис книга „Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. За две или повеќе пријавени лица од иста институција, следува попуст од 10%.
Книгата ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на документарниот и архивскиот материјал, ползувајќи се со професионалното и академско знаење на авторот, како и неговото долгогодишно искуство од областа. На повеќе од 200 страници, направен е темелен преглед на сите фази во работата со архивскиот материјал, а споделени се и многубројни конкретни примери, упатства, формулари и законски цитати како есенцијални алатки за педантно и ажурно управување со архивскиот материјал. Ова издание е жива адреса на која може да се упатуваат сите прашања и недоумици поврзани со проблематиката на канцелариското и архивското работење.
Ве молиме да ја разгледајте комплетната покана, агенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk