Новините во правилата и политиките за јавни набавки и спецификите на набавката на електрична енергија

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната обука на тема: „Новините во правилата и политиките за јавни набавки и спецификите на набавката на електрична енергија, која ќе се одржи на 13 февруари 2019 воPark Hotel & Spa“ – Скопје.

Како со примена на начелата на кои се темелат јавните набавки да ги надминете дилемите и предизвиците со кои се соочувате при спроведување на постапките за јавни набавки ? Кон кои нови правила ќе треба да се придржувате? Дали отворените прашања и дилеми со кои се соочувате при спроведување на јавните набавки ќе се надминат со новините што следуваат?

Оваа работилница ќе ви даде одговор на овие прашања преку споредба на постојните решенија со решенијата кои се нудат. Ќе се презентираат новините со кои се поедноставуваат постапките за јавни набавки и со кои се внесува одредена флексибилност при нивното спроведување.

Истовремено, на оваа работилница ќе имате можност да се запознаете со новините што ги нуди Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти при спроведување постапка за јавна набавка на електрична енергија. Што е она што е потребно да го знаете за спроведувањето ваков вид набавки, имајќи предвид дека од 1.1.2019 година, согласно Законот за енергетика, секој потрошувач, вклучувајќи ги сите договорни органи, имаат право да изберат свој снабдувач.

Вашите придобивки од учеството на оваа работилница ќе бидат: стекнување знаења за новите правила за јавните набавки, за тоа како да ги примените истите (особено во делот на темите кои ќе бидат презентирани).

Работилницата е наменета за претставници и на договорните органи и на економските оператори. Исто така, замислена е да биде од интерес за сите лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки.

Со фокус на интерактивниот аспект и под експертско водство на директните креатори на новата регулатива, оваа обука ви нуди навремена и релевантна можност за лично усовршување во својата област.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.