Со задоволство ви најавуваме две подолго очекувани и подготвувани интерактивни обуки кои претстојат во декември.
18 декември 2018 г. во хотелот „City Park“, Скопје
НОВИНИ ВО ПРАВИЛАТА И ПОЛИТИКИТЕ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ –
како со нив ќе се надминат постојните проблеми?
– Интерактивна обука –
Како да ги планирате и спроведувате јавните набавки согласно новините што ќе следуваат? Кон кои нови правила ќе треба да се придржувате? Дали отворените прашања и проблеми со кои се соочувате при спроведување на јавните набавки ќе се надминат со новините што ќе следуваат?
Оваа обука ќе ви даде одговор на овие прашања и ќе направи споредба на постојните решенија со решенијата кои се нудат. Бидете во чекор со новините, стекнете се со знаења за новите правила за јавните набавки и за тоа како да ги примените истите.
Наменета е за претставници и на економските оператори и на договорните органи, а ќе биде корисна и за сите лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки. Ќе имате можност да размените искуства со колеги, кои се среќаваат со исти предизвици при работењето со јавните набавки.
Со фокус на интерактивниот аспект и под експертско водство на еден од директните креирачи на новата регулатива, оваа обука ви нуди навремена и релевантна можност за лично усовршување во својата област.
Тематски, внимание ќе се посвети на неколку фази од циклусот на јавните набавки.
За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.
Поради задржување на нивото на квалитет, бројот на учесници е ограничен.
___________________________________________________________________
20 декември 2018 г. во Хотелот „City Park“, Скопје
ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ИЗВОРИТЕ НА СРЕДСТВАТА KAJ
БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЕДИНКИТЕ КОРИСНИЦИ, ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ,
ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА И ДРУГИ ПРАВНИ ЛИЦА,
ТРЕТМАН И КНИЖЕЊА НА РАЗЛИКИТЕ ПО ПОПИС
– Интерактивна обука –
Пописот е една од најзначајните постапки пред изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи, а резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи. Затоа, неговото правилно спроведување е обемна, сериозна и одговорна работа.
Оваа обука ќе ви овозможи да ги продлабочите и унапредите знаењата и вештините во процесот на спроведување на пописот и книжењата на разликите по пописот.
За непречено спроведување на активностите за организирање, спроведување и известување за резултатите од извршениот попис на средствата и обврските, потребно е да пропише и воспостави систем на контроли, со кои ќе се обезбеди извршување на пописот согласно одредбите од законската регулатива. Во текот на работилницата ќе се дадат насоки за постапување на членовите на пописните комисии и насоки за одговорните лица.
Ќе бидат разработени и проблемите, во врска со кои ќе се предложат решенија и дадат предлози за сите дилеми поврзани со постапката на пописот.
Теоретските презентации на предавачите ќе бидат проследени со дискусии, размена на практични искуства и вежби.
Посебно внимание ќе се посвети на неколку аспекти од процесот. За повеќе информации во врска со деталниот план за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.