Во пресрет на потребата за висококвалитетна едукација и доквалификација во областа на јавните набавки, Симпозион ја најавува интерактивната работилница на тема: „Планирање на јавните набавки и решавање на конкретни проблеми при спроведувањето на ЈН во пракса“, која ќе ја реализира на 25 декември 2020, преку платформата ZOOM заради максимална достапност до сите заинтересирани. Доколку сте учесник во областа на јавните набавки и имате познавања и искуства во овој специфичен професионален домен, со оваа работилница ќе стекнете дополнителни знаења што се потребни за успешна работа и ќе добиете продлабочени и применливи одговори на сите поставени прашања и решенија на практичните проблеми при спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за еднодневната работилница. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.
Во рамките на оваа покана, би сакале да Ви ја препорачаме книгата „Практичен водич низ јавните набавки“ – најновиот труд од областа на јавните набавки, кој е дизајниран за да послужи како алатка за практичарите и како општ референтен документ за понудувачите, и кој изобилува со квалитетни и корисни информации за јавните набавки. Водичот е во авторство Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски, кои се авторитетни познавачи на областа на јавните набавки.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на телефонскиот контакт-број 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.