Предизвиците на хармонизација на домашното со европското потрошувачко право

Едукација

Со задоволство ви ја најавуваме следнатаинтерактивна обука во годинашнава есенска едукативна сезона.

Обуката на тема„Зголемување на обврските на трговците и давателите на јавни услуги во потрошувачките односи и предизвиците на хармонизација на домашното со европското потрошувачко право“ ќе се одржи во петок, 26 октомври, во Хотел „City Park“ – Скопје.

Во услови на експанзија на конзумеризмот, обврските на трговците постојано се зголемуваат, паралелно со зголемување на правата на потрошувачите. Новото потрошувачко право ги става трговците во позиција на зголемен број обврски во однос на потрошувачот, а товарот на докажувањето дека правилно ги исполниле паѓа на нив.

Преку предвидените содржини, оваа обука има за цел учесниците да се стекнат и да ги обноват своите знаења за различните обврски на трговците, како на пример обврските за давање информации, за чесно пазарно однесување, обврските на трговците како даватели на јавни услуги, итн.

Учесниците ќе бидат запознаени со:

  • актуелната правна и институционална рамка за заштита на потрошувачите
  • политиките за развој на потрошувачкото право
  • мерките за спроведување на заштитата на правата на потрошувачите во практиката во Република Македонија.

Учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со:

1) предлози за норми кои треба да влезат во новиот Закон за заштита на потрошувачите, а кои предизвикуваат определени дилеми, особено оние кои ги зголемуваат обврските на трговците и давателите на јавни услуги;
2) случаи од домашната судска практика, но и со случаи од судската практика на земји членки на Европската унија и Европскиот суд, што се однесуваат на заштитата на правата на потрошувачите.

Исто така. ќе биде поттикната и модерирана дискусија на повеќе релевантни теми, во која ќе се цени придонесот од практичарите меѓу учесниците.

За повеќе информации Ве молиме разгледајте ја комплетната поканаагенда и пријавниот лист. Доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите пополнетиот пријавен лист на info@simpozion.mk