Претстои во мај: Внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор

Едукација

Наскоро, на 4 мај, Симпозион организира уште една еднодневна обука во областа на ревизијата, под наслов: „Внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор“ во хотелот „City Park“ – Скопје.

Внатрешната ревизија, како независна активност на давање на објективно уверување и совет на раководителот на субјектот од јавниот сектор за подобрување на работењето на субјектот, е област на која треба да и се посвети големо внимание од аспект на нејзино воспоставување во субјектите од јавниот сектор, обезбедување на соодветни услови за нејзино непречено функционирање и зголемување на знаењата и вештини на внатрешните ревизори.

Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот од јавниот сектор да му обезбеди независно, разумно и објективно уверување и совет, со цел подобрување на работењето на субјектот и зголемување на ефективноста на системите за внатрешна контрола.

Улогата на внатрешната ревизија е да даде поддршка на раководителите во субјектот од јавниот сектор за остварување на целите на субјектот преку реализација на донесените планови за работа, а врз основа на објективна процена на ризик, како и извршување на поединечни внатрешни ревизии. Исто така, улогата на внатрешната ревизија е да даде процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола.

Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично искуство на предавачите, ќе се посвети на практично пополнување на матрици за проверка на фазите на планирање, извршување и известувањето од извршените ревизии, како и мониторинг на дадените препораки, со цел да се утврдат:

  • Состојбите во однос на внатрешната ревизија (планирање, извршување, известување);
  • Предизвици во однос на состојбите каде се утврдени слабости и недостатоци и
  • Препораки за постапување како да се постигнат подобрувања.

Со котизација од 4.950 денари + 18% ДДВ, имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество и работен материјал од работилницата.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk