Најавуваме уште една работилница, која на 20 и 21 септември 2018 година ќе ја реализираме во хотел „Сириус“ – Струмица, под наслов „Проценување, евиденција и проверка на билансните позиции“.
Во рамките на оваа дводневна работилница, ќе дадеме целосен осврт на сите активности, финансиски трансакции и информации што се реализираат во пресметковниот период од 1 јануари до 31 декември, кои понатаму се рефлектираат во финансиските извештаи и врз основа на кои се изработува завршната сметка. Ќе биде разработен и начинот на евидентирање на трансакциите во деловните книги, и тоа напостојаните средства, капиталот, побарувања, обврски, залихи, приходи и расходи, со оглед на тоа што деловните книги обезбедуваат информации за состојбата и за движењата на средствата, обврските, изворите на средствата, приходите и расходите, даваат информации при планирање и извршување на средствата од Буџетот, при изработката и реализацијата на финансиските планови, како и при изработката на завршната сметка.
Во програмата на патувањето е вклучена и посета на Колешинскиот и Смоларскиот водопад, најпознатите локални знаменитости; посетата ја организира Симпозион и ќе биде водена од локален туристички водич.
Подетален опис на содржините на работилниците и повеќе информации за програмата на аранжманот можете да најдете во приложенитите покана и агенда, како и во пријавен лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество, ве молиме да ни го испратете наinfo@simpozion.mk.
Воедно, ве информираме дека со испратена пријава и извршена уплата до 7 септември 2018 година, добивате 10% попуст на вкупниот износ.