Рамковните спогодби во фокус – одлични резултати од дводневната работилница во Скопје

Архива

На 9 и 10 мај, во хотелот „City Park“ во Скопје, Симпозион по втор пат реализира тематска работилница со фокус на рамковните спогодби како начин на доделување јавни набавки наспроти класичните договори. Овојпат содржините беа спакувани во дводневен формат и пренесени од страна на тројца експерти.

На обуката беа разјаснети основите на рамковните спогодби, начинот на склучувањето на истите и видовите на спогодби со еден или повеќе економски оператори, и тоа без повторно прибирање понуди (каскаден метод) и со повторно прибирање понуди (мини-тендери).

Се водеше дискусија за начините на реализација на рамковните спогодби, меѓудругото, и преку примери и дилеми од праксата кај учесниците. Предавачките со долгогодишно искуство како практичари и обучувачи, Тања Пешевска и Луиза Накова, укажаа и во однос на најчестите грешки при спроведување на ваквите договори, а дадоа и препораки и упатства за надминување на можните проблеми. М-р Рита Глигоријевска, сегашен раководител на Секторот за нормативнадејност, обуки и меѓународни односи во Бирото за јавни набавки, предаваше за контекстот во кој се применуваат рамковните спогодби, давајќи јасна слика за практичната применливост на рамковните спогодби во споредба со класичните договори за јавни набавки.

Тимот на Симпозион и овојпат е задоволен со позитивните оценки од страна на учесниците, особено со успешноста на дводневниот формат при реализацијата на оваа работилница.

Во најава за престојниот период се три тематски обуки во организација на Симпозион, за кои повеќе инфомации може да најдете на следниве линкови:

22 мај: Ефикасност во планирањето, изготвувањето и реализацијата на буџетот кај буџетските корисници
30 мај: Евалуација на понуди и откривање на незаконските договарања во постапките за доделување на договори за јавни набавки
31 мај: Најчести проблеми и пропусти во канцелариското и архивското работење