Сите чекори во спроведувањето постапка за доделување договор за јавна набавка, користење е-средства и правна заштита во јавните набавки
Спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки бараат целосна посветеност, стручност и поседување специфични вештини на лицата кај договорните органи директно вклучени (задолжени) за нивна реализација, согласно одредбите од Законот за јавни набавки и подзаконските акти.
Основна цел на дводневната интерактивна обука е практично водење низ сите чекори во спроведувањето на постапките за јавни набавки, од планирањето на набавките и изработка на ГПЈН, преземањето активности пред отпочнувањето на постапката за јавна набавка, почетокот на постапка и нејзино спроведување, и завршувањето на постапката за ЈН.
Низ дводневната обука ќе се разработи и практичен пример за начинот на спроведување на постапките за јавни набавки со користење електронски средства преку ЕСЈН, а целата сесија ќе биде заокружена со практични примери од правната заштита во јавните набавки, надлежностите и постапувањата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, битните повреди на ЗЈН во постапките и обврските на договорните органи по добиените решенија од ДКЖЈН.
Со реализација на дводневната едукативна програма, ќе дадеме свој придонес кон развојот на искуството и вештините на лицата кои се директно вклучени во спроведувањето на постапките за ЈН.