Суботица: Реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на работилницата на тема: „Реформи во системот на јавните набавки – предизвици кои треба да се совладаат“. На работилницата ќе ги презентираме слабостите на актуелниот закон и ќе размениме знаења, вештини и практични искуства кои ќе помогнат во разрешување на дилемите кои ви се јавуваат при примената на актуелниот Закон за јавните набавки. Воедно, на оваа работилница ќе ги презентираме претстојните реформи во системот на јавните набавки и ќе го промовираме текстот на новиот закон. Истовремено, очекуваме да ги слушнеме вашите забелешки и размислувања како истиот да се подобри. Предавачите на работилницата се препознатливи експерти за јавните набавки, со долгогодишно искуство во областа од кои ќе добиете детални информации, инструкции и насоки за новините кои не очекуваат во областа на јавните набавки.

Работилницата ќе се реализира според приложената агенда во периодот од 26–28 април 2018 година, во Суботица (Војводина), Република Србија. Притоа, ќе се споделат информации за: новите електронски алатки и тоа електронски пазар за мали јавни набавки, електронски каталози, електронска жалба; новите постапки за доделување на договори за јавни набавки, објавувањето на плановите за јавни набавки и склучените договори; системот на претходна контрола која ќе ја спроведува Бирото за јавни набавки; подобрувањето на правната заштита како еден од столбовите на контролата во постапките за јавни набавки, како и информации за најчестите грешки при спроведување на постапките за јавни набавки и насоки за нивно надминување и презентирање на случаи на „добра пракса” при разрешување на проблемите кои се јавуваат при спроведувањето на јавните набавки.

Ценејќи ја репутацијата, професионалните знаења и вештини на предавачите, а имајќи во предвид дека истите се докажани на полето на: подготовката и следењето на законска регулатива, компаративната анализа на домашната и меѓународната регулатива и пракса, како и во спроведувањето на обуки за јавни набавки, со право очекуваме квалитетна и корисна работилница.

Работилницата е наменета за сите договорни органи, економски оператори, како и останати лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки. Работилницата е од интерактивен карактер и ќе има простор да ги изнесете своите забелешки и коментари.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната програма на патувањетопоканата, агенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk