На 16 март, во хотелот „Бест Вестерн“, во строгиот центар на Скопје, Симпозион успешно оствари обуката под наслов „Значајни аспекти на финансиското управување и контрола кај субјектите од јавниот сектор“.
Низ три опширни интерактивни сесии, на оваа обука беа прегледани потребните активности за воспоставување на системот на јавна внатрешна финансиска контрола, согласно релевантната законска регулатива и стратешките документи, состојбите, утврдените слабости и недостатоци и препораки за надминување на констатираните слабости во однос на финансиското управување и контрола, кое претставува законска обврска за сите буџетски корисници од областа на законодавната, извршната и судската власт, фондовите, општините и градот Скопје.
Воедно, беше спроведено и практично пополнување матрици за проверка на компонентите на системот за финансиско управување и контрола, со цел да се утврдат:
– Состојбите во однос на имплементацијата на компонентите на финансиско управување и контрола (што е имплементирано, а што не);
– Предизвици во однос на состојбите каде што се утврдени слабости и недостатоци;
– Препораки за постигнување подобрувања.
Обуката беше водена од м-р Цвета Ристовска и Тања Јаневска, помошници на главниот државен ревизор, овластени државни ревизори.
Симпозион продолжува со развојот на квалитетна едукативна програма на различни теми од областа на деловната пракса на државните институции и прифатните субјекти, сè со цел кревање на професионалните стандарди и проширување на кадровската комптетентност, како и толкување и запазување на законите и прописите што ја задаваат правната рамка.
Во најблискиот претстоен период, Симпозион организира две обуки на тема од исклучително значење за сите субјекти кои ги опфаќа системот на јавните набавки: едната во Скопје, а другата во Суботица (Војводина). Прочитајте повеќе на линковите:
Обука во пресрет на реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат
Суботица: Реформите во системот на јавните набавки – предизвици кои претстојат