Квалитетната едукација е клучна за навремено и соодветно фаќање чекор со новините во практиката и во законското уредување на професионалните домени во кои што работиме. Неодамна донесениот нов Закон за јавни набавки го променува и унапредува системот на јавните набавки преку нови решенија. Сепак, за да бидеме дел од оние кои ќе бенефитираат од нормативното унапредување и за уште од старт да работиме според нововоспоставениот систем, клучно е да ги стекнеме потребните знаења и увиди. Најдобар канал за тоа, пак, се врвните експертите (луѓето што го дизајнираат системот) и нашите колеги на слични позиции.
Во таа насока, со задоволство Ве поканиме да учествувате во интерактивната обука на тема: „Јавни набавки – Новини за кои треба да се припремиме“, која на 6 март 2019 Симпозион ја организира во хотелот „Park Hotel & Spa“ – Скопје.
Оваа обука ќе ви овозможи да се стекнете со знаења и вештини за новините кои ги носи новиот Закон за јавните набавки, и како истите ќе се одразат на циклусот на јавната набавка, односно на следниве фази на набавката:
- Планирање на набавките и е-план;
- Претходна проверка на пазарот и донесување одлука за спроведување на набавка;
- Можности за поголемо учество на малите и средните претпријатија;
- Правилно поставување на правилата за поднесување на групна понуда, техничка поддршка и подизведување;
- Основи за исклучување од постапката за јавна набавка, утврдување на критериуми за способност и критериуми за доделување на договорот, како и подготовка на техничките спецификации на предметот на набавка;
- Огласи и известувања;
- Евалуација на понудите;
- Одлука за избор на најповолна понуда и
- Управување со договорот и негово менување.
Работилницата е наменета за претставници и на договорните органи (лица за јавни набавки и членови на комисии за јавни набавки) и на економските оператори. Исто така, замислена е да биде од интерес за сите лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки.
Вашите придобивки од учеството на оваа обука ќе бидат: стекнување знаења и вештини за новите правила за јавните набавки, за тоа како да ги примените истите (особено во делот на темите кои ќе бидат презентирани), како и можност да размените искуства со претставниците од други договорни органи и економски оператори кои се среќаваат со исти предизвици при работењето со јавните набавки.
За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.
Воедно, Ве информираме дека сè уште отворен повикот за пријавување за учество во обуката „Престанување на договорите“, која ќе се реализира на 28 февруари во „Park Hotel & Spa“ – Скопје. За оваа обуката, на која под лупа ќе биде ставено раскинувањето на облигационите договори, многу важен сегмент во функционирањето на државните институции и фирмите, односно економските оператори, можете да прочитате повеќе овде.