Подготовка на техничката спецификација за набавка на храна

Едукација

На 13 декември, среда, Симпозион организира интерактивна обука на исклучително интересна тема: „Подготовка на техничката спецификација за набавка на храна“ во хотелот „City Park“ во Скопје.

Со помош на оваа обука ќе се овозможи на учесникот да осознае на што е потребно да обрне внимание при изработка на техничката спецификација за храната која договорениот орган има намера да ја набави и запознавање со Законската легислатива која се однесува за безбедност и квалитет на соодветниот вид храна.

Предавачи на обуката ќе бидат експерти од областа на технологијата на храната и работата со стандардите/контролата на квалитет на храната, како и од областа на јавните набавки и закнонската регулатива од таа област.

Овде можете да ги преземетe поканатаагендата и пријавниот лист за обуката.

Последниот рок за пријавување за обуката е: 7 декември 2017 година.