Оценување и стручно усовршување на административните службеници: законска рамка и практични примери

Едукација

На 5 и 6 јули 2018 година, Симпозион организира тематската работилница „Oценување, стручно усовршување, дисциплинска и материјална одговорност на административните службеници: законска рамка и практични примери“, во Хотелот „Сириус Струмица, во која Ве покануваме да земете учество.

Во рамките на дводневната работилница, при обработка на темата оценување на административните службеници, посебно внимание ќе се посвети на прашањата: зошто е потребно оценување на административните службеници, каков е моделот на  оценување 360 степени, кој и што оценува, неопходните предуслови за постапката оценување, годишната оцена, годишниот извештај за оценување со ранг-листа и надомест за успешност во работењето, со посебен акцент на спроведувањето на полугодишното интервју.

Истовремено, на учесниците на работилницата ќе им бидат презентирани новините во обрасците за оценување, содржани во новиот Правилник за начинот на спроведување на полугодишното интервју.

Ве покануваме да ја разгледате комплетната покана, агендата и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на работилницата, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk

Воедно, дозволете да Ве потсетиме дека наближува крајниот рок за пријавување за учество во двете работилници што ги организира Симпозион во последната недела од месец мај:

28 мај е краен рок за пријавување за учество во работилницата на тема: „Евалуација на понуди и откривање на незаконските договарања во постапките за доделување на договори за јавни набавки, која ќе се одржи на 30 мај 2018 година, во хотел „City Park“ – Скопје. За оваа обука можете да прочитате повеќе овде.

29 мај е краен рок за пријавување за учество во интерактивната обука на тема: „Најчести грешки и пропусти во канцелариското и архивското работење, која ќе се одржи на 31 мај 2018 година, во хотел „City Park“ – Скопје. За оваа обука можете да прочитате повеќе овде.