Тим билдинг

Програмата Тим билдинг е специјално креирана за да одговара на потребите на вработените во бизнис секторот. Вклучува различни рекреативни и забавни активности во природа (Попова Шапка, Пелистер, Маврово, Охрид, Бугарија и др.) за подобрување на тимските и комуникативните односи во компанијата и стекнување доверба.

Како функционира?
Заедно ги планираме и организираме активностите за да одговараат за сите учесници.
Понуда:
• Планинарење со искачување на Титов врв, Царипашина, Пелистер – Пелистерски очи, Галичица – Магаро, Јабланица – Црн Камен. Програмата е потготвена од искусен планинарски туристички водич – г-н Сашо Божиновски.
• Кратки предавања и вежби од психолог за справување со стресот.
• Сесии со стручни лица во областа во која работите.

Зошто Тим билдинг?
Важни фактори кои ја одредуваат формулата за успех во работата се:
• Кондиционен тренинг
• Формирање и одржување емоционални врски меѓу членовите на тимот во вашата компанија
• Зајакнување и подобрување на ефикасноста на вашиот тим
• Зајакнување на довербата кај членовите на тимот
• Тренинг за здружено постигнување на заедничката цел
• Развивање отворена комуникација меѓу учесниците
• Потиснување на предрасудите
• Овозможување еднакво и активно учество на сите членови во вашиот тим
• Обезбедување услови за тимска работа заснована на взаемна доверба
• Прослава на резултатите од заедничката тимска работа

Целиот концепт и реализацијата на програмата зависи само од вашата цел:
1. Што е она што сакате да го постигнете со вашиот тим?
2. Кој контекст најмногу одговара на вашите потреби?
3. Колку соработници брои вашиот тим?

Листата на програми за градење тим е бесконечна. Во зависност од вашите упатства, можеме да понудиме различни специјализирани предлози.