Семинар во Загреб: Одговори на актуелните прашања и најчестите дилеми на договорните органи и економските оператори во спроведувањето на постапките за ЈН и управување со договорите

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на семинарот на тема „Одговори на актуелни прашања и најчести дилеми на договорните органи и економските оператори во спроведувањето на постапките за ЈН и управување со договорите“. Тридневниот семинар, кој ќе се реализира од 2628 септември во Загреб, претставува продолжение на воспоставената практика за размена на знаења, вештини и практични искуства со цел разрешување на актуелните прашања и дилеми кои произлегуваат од примената на новите правила за јавни набавки, како и процесот на практично управување со договорите за јавни набавки.

Во четири работни сесии, ќе бидат опфатени неколку множества од важни теми, и тоа: набавки под вредносните прагови, набавка на посебни услуги и квартална евиденција на набавките; можните проблеми при дефинирање на техничките спецификации и доказите за техничка и професионална способност; користење на способност од други субјекти; Креирање на критериумот ЕНП за избор на најповолна понуда кај постапките за јавни набавки согласно со чл. 99 став (5) од ЗЈН; на што економските оператори треба да обрнат внимание во врска со тендерската документација во периодот до јавното отворање; појаснување и измени во тендерската документација; докази кои недостасуваат или некомплетни докази – што смее а што не смее да се бара дополнително во фаза на евалуација на понудите; како да се препознае невообичаено ниска цена; зошто е важно да се посвети внимание на договорите за јавни набавки – склучување на договорите и реализација; и измени на договорот во текот на неговата важност без спроведување на постапка или со примена на постапка со преговарање.

Ве молиме да ја отворите целосната покана за учество на семинарот за да се запознаете со содржините на предвидените тематски множества и останатите важни аспекти на семинарот. Разгледајте го распоредот на работните сесии во приложената агенда на семинарот,

Семинарот ќе се реализира, според предвидената агенда, во периодот од 2628 септември 2019 година, во Загреб, престолнината на Хрватска. Детален опис на аранжманот е даден во програмата на патувањето.

Своите пријави за учество внесете ги во овој пријавен лист и испратете ни ги на адресата: info@simpozion.mk