Чекор по чекор низ јавните набавки

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: Чекор по чекор низ јавните набавки, која Симпозион ќе ја организира во периодот од 25–27 ноември 2020, преку платформата ZOOM заради максимална достапност до сите заинтересирани. Доколку сте почетник во областа на јавните набавки и немате (или имате почетнички) познавања и искуства во овој специфичен професионален домен, со оваа работилница ќе ги стекнете сите елементарни знаења што се потребни за успешен почеток и ќе добиете продлабочени и применливи одговори на сите основни прашања. Едноставниот пристап и користењето на приспособена методологија, со многубројни примери од практиката, ќе ви овозможат да стекнете основна претстава за јавните набавки, за градбените елементи на целиот нивен систем, соодветно на новиот Закон за јавните набавки.

Работилницата е наменета за сите заинтересирани лица, за вработени во договорни органи (ДО) или во економски оператори (ЕО), за невработени лица и поединци што сакаат да се преквалификуваат, за лица од академската заедница што ги истражуваат јавните набавки, за студенти што ги изучуваат јавните набавки, за невладиниот сектор, како и за сите лица чие работење е во допир со јавните набавки.

За разлика од едукативните настани наменети за професионалци и искусни лица во областа на јавните набавки, кои постојат на пазарот, а кои подразбираат дека учесникот веќе има одредено знаење и работно искуство со јавните набавки, работилницата Чекор по чекор низ јавните набавки е наменета исклучиво за лицата што немаат познавање од оваа материја или работно искуство, односно за почетниците во јавните набавки.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.


Во рамките на оваа покана, би сакале да Ви препорачаме и две исклучително вредни книги во професионлните области на јавните набавки и на архивското работење, кои можете да си ги обезбедите преку Симпозион:

Практичен водич низ јавните набавки“ – најновиот труд од областа на јавните набавки, кој е дизајниран за да послужи како алатка за практичарите и како општ референтен документ за понудувачите, и кој изобилува со квалитетни и корисни информации за јавните набавки. Водичот е во авторство Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски, кои се авторитетни познавачи на областа на јавните набавки.

Канцелариско и архивско работење“ – издание на Симпозион, кое опширно и продлабочено ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на архивскиот и документарниот материјал, ползувајќи се со професионалното и академското знаење на авторот, доц. д-р Ацо Ангеловски, како и неговото долгогодишно искуство од областа.


За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.