Две тематски обуки во месец декември

Едукација

Во месец декември подготвивме уште два едукативни настани за унапредување и надградба на вашите знаења и вештини. Со задоволство Ве покануваме да учествувате на следниве две тематски обуки:


МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ: ПОТРЕБА ИЛИ ПРЕДИЗВИК“, која на 6 декември 2019 Симпозион ја организира во хотелот City Park – Скопје.

На оваа обука, ќе ја разјасниме поврзаноста на менаџментот на човечки капитал со клучните активности на менаџментот на човечки ресурси, ќе се обработи мерењето на придонесот на човечкиот капитал во создавањето на вредност и ќе добиете насоки за тоа како да го интегрирате менаџментот на човечки капитал во постојните активности на функцијата на менаџмент на човечки капитал.

Обуката е наменета за сите лица кои се вклучени во активностите на управување со човечките ресурси како и менаџери од сите нивоа на организацијата со цел да ја утврдат вредноста која вработените ја создаваат.

Повеќе за оваа обука можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »AГЕНДА«. За да пријавите Ваше учество ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.


ПОПИС НА СРЕДСТВАТА, ОБВРСКИТЕ И ПОБАРУВАЊАТА, УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА, СМЕТКОВОДСТВЕНО ЕВИДЕНТИРАЊЕ, ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА НА ПОПИСОТ“, која од  12–14 декемри Симпозион ја организира во Hotel La Terrazza – Стар Дојран.

Успешното спроведување на пописот е обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи. Резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи. Пописниот елаборат е предмет на внатрешна и надворешна ревизија.

Обуката ќе се спроведе на високо интерактивно ниво, со примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии и истата е наменета за членови на пописни комисии, финансиски работници (лица задолжени за материјална евиденција и лица задолжени за сметководствена евиденција), внатрешни ревизори и одговорни лица.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »AГЕНДА«. За да пријавите Ваше учество ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.