Во средината на претстојната есен ни претстојат две тридневни работилници што подробно ќе разработат две теми на кои Симпозион им посветува постојано внимание – управувањето со човечките ресурси и пописот на средства, побарувања и обврски. Нашиот тим се погрижи да ги одбере најрелевантните експерти, најдобрите локации за сместување и посета, на најдобар начин да го организира времето од 15 до 18 ноември во еден од највпечатливите светски градови – Истанбул, Турција. По повеќемесечни подготовки, го објавуваме повикот за пријавување на овие работилници и ги споделуваме важните материјали за запознавање со темите, содржините и планот на реализација.
▸▸▸▸▸
„Управување со човечки ресурси во јавниот сектор“
Целта на оваа работилница е подетално запознавање и дискусија за специфични прашања уредени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за работните односи – во очекување на новите закони за јавната администрација. Во практичната примена на овие закони се појавија бројни предизвици, различни толкувања и дилеми, па работилницата ќе ги разработи прашањата во областа на управувањето со човечките ресурси при примената на законите во секојдневното работење – изработка на функционална анализа и акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, планирање на вработувањата, управување со учинокот и дисциплинска и материјална одговорност на службениците. Работилницата ќе го стави во фокус и новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, а ќе биде даден осврт и на Гранскиот колективен договор.
Додадена вредност на работилницата ќе биде интерактивната комуникација на учесниците со предавачот, меѓусебната размена на важни искуства, мислења и ставови, како и овозможениот простор за давање препораки и придонес во подобрувањето на законодавната рамка во областа на управување со човечките ресурси во јавниот сектор. Работилницата е наменета и особено полезна за вработените во јавниот сектор, за административните службеници, одговорните лица, лицата на раководни позиции, невработените лица со интерес за предметната област, адвокатите кои се занимаваат со заштита на правата што произлегуваат од работните односи на вработените во јавниот сектор и на административните службеници, како и за други заинтересирани лица.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk
▸▸▸▸▸
„Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските, усогласување на сметководствената со фактичката состојба и сметководствено евидентирање“
Целта на оваа работилница е размената на клучни знаења, искуства и практики за правилна и практична примена на законската регулатива неопходна за законито, точно и навремено спроведување на целокупната постапка на попис, која е обемна, сложена и одговорна работа, како и усогласувањето на сметководствената со фактичката состојба. Работната агенда е првенствено наменета за вработените во организационите единици за финансии, сметководство, правни работи, внатрешна ревизија, членовите на пописните комисии, лицата задолжени за материјална евиденција, како и за одговорните лица на институциите.
Работилницата ќе има нагласено интерактивен карактер и ќе вклучи многу примери, прашања, одговори, студии на случај и дискусии, со што учесниците ќе можат активно да ги адресираат конкретните проблеми и предизвици од практиката. Покрај стекнатите знаења, насоки и искуства, учесниците ќе добијат и низа предлог-модели за процедурите и документите опфатени со тематската агенда.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА и АГЕНДА«. Своите пријави за учество можете да ги реализирате испраќајќи го овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на нашата официјална адреса: info@simpozion.mk
▸▸▸▸▸
Со оглед на ограниченоста на капацитетите и важноста на навременото оформување група, Симпозион ќе им даде предност на првопријавените учесници. За учесниците пријавени до 13 октомври, исто така, предвиден е попуст од 10% на целиот аранжман и котизацијата за учество.
Детално разработената програма на патувањето, пак, која ги опфаќа сите аспекти на аранжманот и местата на посета во Истанбул, ќе биде доставена до заинтересираните учесници кои ќе се обратат до нас или ќе испратат барање.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.
Симпозион како свој основен приоритет го задржува поврзувањето на високата експертиза во одбрани стручни области и изборот на најдобри локации и услови за реализација на едукативните настани. Едукативната агенда и програмата на патување за овие работилници се создадени за да Ви ги обезбедат овие две придобивки.