Јавни набавки

Симпозион нуди можност за организирање и спроведување специјализирани in-house обуки и работилници во областа на јавните набавки. Концептот на in-house едукација подразбира целосно приспособување на потребите и барањата на институцијата или компанијата преку: 1) адаптирање на пристапот кон внатрешната структура и конкретните околности на клиентот; 2) ангажирање врвни експерти за разработка на едукативна содржина и план; 3) спроведување единечна или серија обуки/работилници, во зависност од договорената временска рамка; 4) ситуирање на обуката во работните простории на клиентот или на друго договорено место.

Главен фактор во квалитетната едукација во областа на јавните набавки е, несомнено, ангажирањето предавачи кои имаат сериозно искуство во решавањето на клучните проблеми и предизвици во работењето на различни нивоа од системот на ЈН, како и експерти кои ги креирале прописите со кои е регулирано работењето во оваа област. Симпозион соработува единствено со клучните фигури во оваа област и со стручни лица кои имаат долгогодишно искуство во оваа област.

Листата на теми и прашања што го покриваме со in-house обуките во областа на јавните набавки се прилагодува на секој клиент посебно, како и на нивото на слушателите (од основно до најнапредно), генерално се дели на два главни корпуси:

Едукативен корпус во областа на јавните набавки за договорни органи

  • Новини во начелата на јавните набавки.
  • Планирање и објавување е-план за јавни набавки.
  • Претходна проверка на пазарот и донесување на одлуки.
  • Нови постапки и начини на доделување договори за јавни набавки.
  • Нови вредносни прагови за доделување договор за јавна набавка.
  • Опционални е-аукции.
  • Причини за исклучување и услови за квалитативен избор на понудувачи.
  • Единствен документ за јавни набавки.
  • Користење способност од други субјекти.
  • Нови правила при групно поднесување и поголема заштита на подизведувачите.
  • Критериум економски најповолна понуда, поголем квалитет на стоките и услугите наспроти најевтина понуда (цена/трошоци за животен век/квалитет).
  • Намалување на времетраењето на негативните референци.
  • Имплементација на електронска жалба, пристап до целата документација од постапката во рокот за жалба.
  • Објава на договорите за јавни набавки и реализација на истите.
  • Управување со договорот и негово менување.

Едукативен корпус во областа на јавните набавки за економски оператори

  • Новини во начелата за јавните набавки.
  • Поголема предвидливост на пазарот и пристап на сите економски оператори до годишните планови на јавни набавки (е-план).
  • Технички дијалог со понудувачите за изработка на квалитетна техничка спецификација и прибирање податоци за понудата на пазарот.
  • Нови постапки и начини на доделување договори за јавни набавки.
  • Нови вредносни прагови за доделување на договор за јавна набавка.