Архивско работење

Симпозион нуди можност за организирање и спроведување специјализирани in-house обуки и работилници во областа на канцелариското и архивското работење. Концептот на in-house едукација подразбира целосно приспособување на потребите и барањата на институцијата или компанијата преку: 1) адаптирање на пристапот кон внатрешната структура и конкретните околности на клиентот; 2) ангажирање врвни експерти за разработка на едукативна содржина и план; 3) спроведување единечна или серија обуки/работилници, во зависност од договорената временска рамка; 4) ситуирање на обуката во работните простории на клиентот или на друго договорено место.


Теми и прашања што се покриваат со едукативната програма во областа на канцелариското и архивското работење:

  • Значењето на архивскиот и документарниот материјал.
  • Заштита и чување на документацијата кај имателите.
  • Грижа за заштита, чување и користење на архивскиот материјал од посебно културно и историско значење, според прописите за заштита на културното наследство.
  • Преглед на недоследностите, грешките и пропустите во канцелариското работење на имателите со можни решенија за нивно надминување (писарница или архива; овластувања за водење основна евиденција; употреба на печати и штембили; прием на документи по разни основи; начин за пишување, заведување и разведување на документите во деловодник; водење деловодник во хартиена или електронска форма; помошни книги за евиденција; начин на доставување документи за работа и нивно испраќање до правни и физички лица; изработка и доставување на плановите и листите на архивски знаци; навремено и одговорно средување на архивскиот материјал и одбирање на архивскиот од документарниот материјал; формален пристап во евидентирањето на архивскиот материјал; фрагментарен попис за уништување на документарен материјал со изминат рок на чување; непочитување на роковите за предавање на архивскиот материјал; несоодветни услови за чување и заштита на архивскиот материјал).
  • Систем за заштита и чување на архивскиот материјал и неговото создавање кај имателите.
  • Права, обврски и надлежности на имателите и на архивите.
  • Презентирање на правната регулатива и процедурите поврзани со архивската дејност и канцелариското работење (со акцент на новитетите во законските и подзаконските акти) и насоки за нивно доследно почитување, како од страна на имателите, така и од архивите.
  • Практично пополнување на сите релевантни обрасци и штембили, со соодветно дадени примери.

Симпозион има спроведено низа успешни обуки и работилници во оваа област, што ни дава основа многу точно да ги препознаеме Вашите потреби и да организираме висококвалитетна, прилагодена програма за in-house обука. Освен тоа, Симпозион е издавач на книгата „Канцелариско и архивско работење“ од доц. д-р Ацо Ангеловски.