Подготовка на интерна процедура за спроведување на јавните набавки и процедура за реализација на договорите

Едукација

Во насока на постигнување што повисоко ниво на стручност во работата на договорните органи, ни претставува задоволство да Ве поканиме на работилницата на тема: Подготовка на интерна процедура за спроведување на јавните набавки и процедура за реализација на договорите, која Симпозион ќе ја организира на 31 март 2021 г. преку платформата ZOOM. На претстојната работилница ќе бидат пренесени важни знаења и искуства од областа на интерните процедури за јавни набавки, кои се суштествени во работењето на договорните органи.

Интерната процедура е еден вид упатство со кое се опишува начинот и постапката при планирањето и спроведувањето на постапките за јавни набавки, начинот на постапување на комисијата за јавни набавки, одговорното лице, лицето или организацискиот облик во чии рамки се вршат работи од областа на јавните набавки, склучување, известување и извршување на договорите за јавни набавки, како и движење на документацијата при спроведување на постапките за јавни набавки кај договорниот орган.

Со интерна процедура задолжително се уредува и спроведувањето на набавките за кои не се применуваат правилата за јавни набавки.  Целта на ваквото упатство е да се обезбеди правилна примена на Законот за јавни набавки при спроведување на постапките за јавни набавки, согласно начелата на економичност, ефикасност и ефективност на користење на јавни средства, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност и еднаков третман и недискриминација на економските оператори и сразмерност.

На работилницата ќе бидат опфатени цела серија прашања поврзани со интерната процедура, кои можете да ги разгледате во приложените документи, а методологијата на работа ќе опфати комбинација на предавање и практична работа, при што акцентот ќе биде ставен на одговарање на прашањата во врска интерната процедура за ЈН.

Работилницата е наменета за договорни органи (одговорно лице, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата). Ги охрабруваме сите директно или индиректно, инволвирани во јавните набавки да се пријават на оваа обука и да учествуваат во важната размена на знаења и искуствата.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.