Имајќи ја предвид важноста на сертификацијата како инструмент во јавните набавки ако се има предвид широкиот опсег на потребите на договорните органи и комплексноста на разните области во кои дејствуваат и специјализираат економските оператори, ја организираме работилницата „ISO стандардите во јавните набавки“, на која би сакале да ве поканиме да земете учество. Работилницата ќе се реализира на 21 април 2021 г. преку платформата ZOOM.
Значајноста на меѓународната сертификација е особено важна во нашето време, кога универзалните стандарди стануваат неизоставен дел од процедурите за докажување квалитет, капацитет и конзистентност. Денес, има сè помал број јавни набавки кај кои во тендерската документација, како предуслов за учество, не е наведено дека од економските оператори се бара да исполнуваат определени дополнителни услови. Еден од најчесто бараните услови е економските оператори да го имаат имплементирано стандардот за квалитет ISO 9001. Освен овој, најчесто користени стандарди во постапките за јавни набавки се ISO 14001, ISO 45001 и ISO 27001.
Сепак, дали договорните органи се доволно запознаени со значењето и улогата на ISO стандардите и кога треба да ги бараат како услов за учество во тендерите? Освен ова, често наидуваме и на објавени постапки за јавна набавка на услуги за имплементација на ISO стандардите во рамките на самите договорни органи.
Токму за да ги адресираме споменатите прашања и проблеми ја организираме оваа работилница, која е наменета за договорни органи и економски оператори.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.