Во напорот да обезбеди внимателно одбрано знаење, Симпозион секогаш ги вложува своите максимални капацитети и тоа редовно води до резултати кои се високо оценети и пофалени од нашите колеги во стручните области на кои им посветуваме централно внимание. Нашата мисија притоа е да понудиме нешто повеќе, односно внимателно осмислени услови и програми за спроведување на едукативните настани – и во овој поглед Симпозион постојано поставува нови и повисоки стандарди на работа. Таков беше пристапот во реализацијата на тридневниот семинар „Најдобра вредност за парите – како до најдобриот понудувач со најповолна понуда“, кој во периодот од 4 до 7 октомври обедини значајна група стручни лица, претставници на јавниот и приватниот сектор, во една од наголемите и најживописни метрополи, Истанбул. Во тридневна програма остваривме исклучително богата програма во единствениот светски град кој директно поврзува два континента.
Работните сесии на семинарот го поставија фокусот врз практичните предизвици поврзани со изборот на најдобриот понудувач, преку согледување на важноста на квалификацискиот процес и правилното одредување на минималните услови и докази за утврдување на способност на економските оператори. Едукативната агенда беше соодветно организирана за да придонесе за информирано пристапување кон основната цел на целокупниот процес на јавни набавки – обезбедување најдобра вредност за парите. Подробно беа прегледани и дискутирани принципите и начините за правилно одредување на критериумите за најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот, согласно спецификациите на предметот на набавка, за да биде избрана најповолната понуда. Работните сесии ги водеа истакнати експерти во областа на јавните набавки во нашата земја, а планот на работните сесии беше структуриран на начин што овозможи ефективно усвојување на клучните знаења.
Стручната агенда на семинарот беше поддржана со екстензивна програма на патување, која опфати неколку дневни и вечерни крстарења по Босфор, посета на живописните махали Фенер и Балат со нивните шарените куќи и сокачиња, воедно местото каде што се наоѓа вселенската патријаршија, остваривме разглед на една од најпознатите палати на светот – Долмабахче, позната како „турски Версај“, како и пешачка тура низ Султанахмент, маркантниот историски дел на градот, каде што се наоѓаат објектите од светско културно значење – наследство на долгите византиски и османлиски векови неимарство и духовност: Аја Софија, Сината Џамија и Хиподромот. Вечерната програма се одвиваше на внимателно одбрани места и беше придружена со богата традиционална музичка и танцова програма, како и богата и висококвалитетна гама на локални вкусови. Дел од основата програма, секако, беа и неизбежните градски пунктови низ кои се провлекуваат главните контури на Истанбул: кулата Галата, чаршијата Капали, славниот градски плоштад Таксим, долгата трговска улица Истиклал. Организираните екскурзии беа постојано придружени со соодветен превоз до локациите, професионални локални водичи и соодветна звучна опрема, што овозможи максимално впивање на убавината и значајноста на посетените места. Целото поминато време, со посета на најзначајните културни, архитектонски, историски и гастрономски точки во овој евроазиски велеград, им овозможи сеопфатно и квалитетно искуство на сите учесници на семинарот. Притоа, секој елемент на програмата беше наменет конкретно за нашата група учесници и вклучен во целокупниот аранжман, без додатни издатоци на сметка на учесниците, што е својствено за сериозниот пристап на Симпозион кон организацијата на своите едукативни настани.
И затоа особено радува високата оценка што преку спроведената евалуација Симпозион ја доби за напорите на тимот да обезбеди најдобри можности и да примени најсоодветен пристап кон целата организација. Задржувајќи го таквиот курс, нашиот тим продолжува да ги слуша и сите нови потреби и укажувања, а паралелно со тоа и да ги усовршува своите професионални методи, активно работејќи на подготовката на нови програми за своите соработници.
Оваа програма на патувањето во Истанбул ќе биде повторно реализирана како дел од два едукативни настани во ноември, на кои би сакале да им обратиме внимание.
✓ „Управување со човечки ресурси во јавниот сектор“ – преку линкот е достапна програмата за оваа тридневна работилница, чија агенда цели кон детално запознавање со темите уредени со законите во областа на управувањето со човечките ресурси – во контекст на секојдневното работење.
✓ „Спроведување попис на средствата, побарувањата и обврските, усогласување на сметководствената со фактичката состојба и сметководствено евидентирање“ – преку работната агенда на оваа тридневна работилница ги приближуваме клучните знаења, искуства и практики за правилна и практична примена на законската регулатива неопходна за законито, точно и навремено спроведување на целокупната постапка на попис.
Ве покануваме отворајќи ги линковите подетално да се запознаете со содржините на овие едукативни настани. Агендите ќе дадат силен импулс на стручноста, одговорноста и ефективноста на вработените, раководителите и заинтересираните во двете стручни области. Притоа, ќе бидат придружени со квалитетна програма на патување.
Симпозион продолжува да ги следи потребите и интересите на своите соработници и да го усовршува својот професионален систем за да обезбеди најдобри услови за стручна едукација. За да бидете во тек со новостите во повеќе области од деловното работење, следете ги нашите објави за идни едукативни настани, проверувајте ја нашата социјална страница и слободно контактирајте со нас за сите професионални прашања и потреби.
Во продолжение објавуваме мал фото албум од тридневниот семинар во Истанбул.