Највисоки оценки за семинарот во Дојран за системот на јавната внатрешна финансиска контрола

Архива

Во тековниов месец октомври, Симпозион успешно спроведе уште еден семинар, овојпат во релаксирачкиот амбиент на брегот на едно од нашите природни езера, во хотелот Hotel La Terrazza – Стар Дојран. Лоцирајќи ја клучната важност на системот на јавната внатрешна финансиска контрола, Симпозион го посвети овој дводневен семинар во целост на најбитните аспекти на финансиското управување и контрола и внатрешната ревизија кај субјектите од јавниот сектор.

Со највисоки оценки беше евалуиран дводневниот семинар во Дојран, и тоа како во делот на организациските аспекти и хотелските услуги, така и во делот на квалитетот на наставата и предавачите.

Најголем дел од времето беше посветен на работните сесии и истиот максимално искористен од страна на учесниците. Во текот на шесте работни сесии, учесниците беа исклучително активни преку поставување прашања, директна комуникација со предавачите и дискутирање околу конкретни ситуации и проблеми од практиката и нивното решавање.

Учесниците имаа можност да се стекнат со основни вештини и знаења за начинот на креирање стабилна контролна средина во својот субјект за финансиски прашања, пишани политики и процедури за работа, како и за начинот на утврдување на ризиците и спроведувањето на контролите во субјектот. 

Своевидно место во успехот на семинарот зазедоа и слободните термини, за време на кои учесниците се вмрежија, барајќи да разменат контакти за идна меѓусебна соработка. Како дел од програмата, беше реализирана и еднодневната посета на Солун, Грција, во придружба на туристички водич.

Hotel La Terrazza, пуштен во употреба од мај 2019, нуди висококвалитетни услуги за сместување и кетеринг. Храната беше од препознатливиот бренд La Terrazza, шведската маса понуди богата и разновидна палета на јадења за сечиј вкус. 

Во анкетните прашалници за евалуација, учесниците воглавно го потенцираа своето задоволство за високата интеракција на семинарот, а беа дадени и повеќе предлози за идни теми од предметните области. Задоволни коментари за логистичката организација исто така не изостанаа кај повеќето учесници. 

Симпозион продолжува да работи на развивање на идни едукативни содржини од оваа професионална област, кои директно ќе одговорат на потребите на нашите соработници.