Во текот на своето повеќегодишно работење, Симпозион сериозно и внимателно го забележува и евалуира фидбекот од учесниците во нашите работилници и обуки, од соработниците и од клиентите. Постојано усовршувајќи ги едукативните програми тематски и содржински, Симпозион ја согледа потребата од организирање целосно партиципативна работилница од областа на јавните набавки со еден поинаков формат.
На 4 октомври 2019, во полна конференциска сала во хотелот „City Park“ – Скопје, одржавме интерактивна обука-работилница за практична примена на одредбите од Законот за јавни набавки, на која сите пријавени учесници, до самиот краен рок за пријавување, имаа можност да испратат конкретни прашања за проблемите и дилемите со кои се среќаваат секојдневно при спроведувањето на постапките за јавни набавки. Искусните и стручни предавачи подготвија и образложија одговори и решенија за истите, за кои потоа дополнително се дискутираше заеднички.
Концептот наиде на сосема позитивни оценки, пред сѐ кај ученисите, но и кај самите предавачи. Она што го постигнавме е максимално доближување и спојување на содржината на едукативните семинари што ги посетуваат вработените во одделите за јавни набавки во државните органи и економските оператори со нивните конкретни дилеми од професионалното секојдневие поврзани со практикувањето на јавните набавки.
Обуката беше организирана под заглавна тема: „Oдговори и решенија на конкретни прашања и проблеми произлезени од примената на ЗЈН кај договорните органи и економските оператори“.
На интерактивната обука беа обработени прашања од следните теми:
- Набавки без примена на одредбите од Законот за јавни набавки
- Подготовка на техничка спецификација, критериуми за способност и користење на способност од други субјекти
- Правилно дефинирање на критериумите за избор на најповолна понуда
- Евалуација на способноста на ЕО и на понудите, дополнување на документација во фаза на евалуација и најчести грешки во евалуацијата
- Што сѐ треба да се евидентира во квартална евиденција на набавките
- Увид на ЕО во документацијата на останатите понудувачи, како можност за подготовка на жалба
- Склучување и реализација на договорите
Уникатниот формат на обуката се покажа во потполност квалитетен. Овозможи, пред сѐ, најголема интеракција до сега и жива дискусија со активно учество од страна на присутните. Дополнително, постигнавме многу битно сосредоточување на дискусијата околу конкретни прашања, со што се зголеми ефективноста и се разгледаа повеќе прашања за истата временска рамка на еднодневен семинар. Избегнавме застранување од темите што се разгледуваа во даден момент, а сепак учесниците имаа можност да постават нови прашања за време на обуката. Претставниците на договорните органи и економските оператори кои зедоа учество изразија огромно задоволство од ваквиот концепт на обука и предложија да продолжиме со организирање ваков тип семинари.
Во моментов, тимот на Симпозион заедно со предавачите ги обработува детално забелешките и искуствата од оваа работилница и со полна пареа работи на подготовка на следните едукативни настани што ќе ви ги понуди.





