Јавните набавки – предизвици со кои се соочуваме

Едукација

Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: Јавните набавки – предизвици со кои се соочуваме, која ќе се одржи во два наврати, на 18 и на 22 септември 2020 г. за да ги задоволи желбите и потребите на слушателите во однос на временскиот термин и на логистичките околности. Првиот термин (18 септември), во таа смисла, е предвиден за дистанцирана обука преку платформата ZOOM, додека вториот (22 септември) е предвиден за обука на отворено, во ресторанот „Ореов лад“ во Скопје, за слушателите кои претпочитаат физичко присуство.

Изминаа 18 месеци од почетокот на примената на новиот Закон за јавните набавки – временски период што, иако е релативно краток, сепак е доволен за да се дадат посеопфатни согледувања во однос на предностите и предизвиците од новите законски решенија.

Јавните набавки се сложена и динамична материја и затоа ниту еден закон не може и не ги уредува сите ситуации што може да се јават во практиката.

Оттука, сумирањето на резултатите од досегашната примена на Законот за јавните набавки, со цел добивање јасен приказ за правилната примена на правилата и најдобрите практики поврзани со различните фази од процесот на набавка е од исклучително значење.

Ги охрабруваме сите директно или индиректно, инволвирани во јавните набавки да се пријават на оваа обука и да учествуваат во важната размена на искуствата од примената на новиот законот.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.


Прегледајте ги резултатите од големиот број успешни обуки досега организацирани од страна на Симпозион.

Прочитајте повеќе за најновиот труд од областа на јавните набавки – „Практичен водич низ јавните набавки“, од кој можете да си обезбедите примерок преку Симпозион.

Овде можете да прочитате повеќе за местото на одржување на обуката (опцијата: физичко присуство, на отворено).