Јавните набавки во пракса согласно одредбите од ЗЈН

Едукација

Во периодот што претстои, се отвораат многу прашања поврзани со правилната примена на одредбите од новиот закон во практика: како да се реализираат набавките под и над задолжителните вредносни прагови за примена на ЗЈН, кои се измените во видовите постапки за доделување на договори за ЈН, како да се дефинираат критериумите за способност и критериумите за доделување на договор, евалуација, одлуки и задолжителни известувања до ЕСЈН, како постапуваме во жалбената постапка и управната контрола и сл. Покрај наведеното, бездруго ќе се појават и разгледуваат низа прашања и за новините при реализацијата на склучените договори, како и за оформувањето на комплетното досие за предметот на ЈН.

Целта на оваа обука е, низ интерактивна дискусија, да ги одговориме поставените прашања во насока на правилна практична примена на одредбите од новиот Закон за јавни набавки.

Земајќи ги предвид потребите, барањата и очекувањата, обуката е внимателно конципирана и содржините се соодветно разработени за да одговараат максимално на интересите и на договорните органи (лица за јавни набавки и членови на комисии за јавни набавки) и на економските оператори. Материјалот што ќе биде предмет на настава и дискусија е, секако, од интерес и за сите лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки.

Како придобивка од учеството на оваа обука, ќе ги понесете есенцијалните знаења и вештини за новите правила за јавните набавки, за тоа како да ги примените истите (особено во делот на темите кои ќе бидат презентирани), а ќе имате и можност да размените искуства со претставниците од други договорни органи и економски оператори кои се среќаваат со исти предизвици при работењето со  јавните набавки.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.


Воедно, Ве информираме дека сè уште отворен повикот за пријавување за учество на следниве обуки:
Новините во ЗЈН визави класичните институти на договорното право (18 април; рок за пријавување: 16 април)
Работилница во Атина: Примена на новиот Закон за јавни набавки (16–18 мај; рок за пријавување со попуст: 26 април)