Решавање конкретни дилеми при спроведувањето на постапките за јавни набавки согласно одредбите од новиот ЗЈН

Едукација

Согласно новиот Закон за јавни набавки, подигнат е вредносниот праг за задолжителна примена на ЗЈН при доделување договори за јавни набавки од страна на договорните органи. Ваквиот пристап ја наметнува дилемата и отвора прашања за начинот на задоволување на потребите од набавки под овие вредносни прагови, особено во однос на видот и вредноста на поединечните набавки, кои кумулативно достигнуваат до годишната вредносна граница на истите.

Досегашната практична примена на одредбите од новиот ЗЈН резултира со низа прашања кои се однесуваат на правилно составување на тендерската документација зависно од видот на постапката: набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка. Посебен акцент овде се поставува на начинот на дефинирање на критериумите за утврдување и оценување на способноста на економските оператори и правилен избор и примена на критериумите за доделување на договор за ЈН, со цел добивање стоки, извршување услуги или работи, а сѐ со крајна цел задоволување на потребите на договорните органи а во насока на економично, ефикасно и ефективно користење на јавните пари

Во таа насока, на 29 мај 2019, во хотелот „City Park” – Скопје, ја организираме  интерактивната обука на тема: „Решавање на конкретни дилеми при спроведувањето на постапките за јавни набавки согласно одредбите од новиот ЗЈН“.

Обуката ќе ја водат стручни и искусни предавачи во областа на јавните набавки, кои низ интерактивна дискусија ќе ви одговорат на поставените прашања и правилно ќе ве насочат во практичното спроведување на постапките за доделување на договори за ЈН што ќе овозможи поголема сигурност во примената на одредбите од новиот ЗЈН како за договорните органи така и за економските оператори.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.


Воедно, Ве информираме дека сè уште отворен повикот за пријавување за учество во обуката „Економски најповолната понуда како критериум за избор во јавните набавки“, која ќе се реализира на 22 мај 2019 во „City Park” – Скопје. За оваа обука можете да прочитате повеќе овде.