Набавка на електрична енергија – прашања што треба да се разрешат

Едукација

Во пресрет на итните состојби во професионалните домени, се јавуваме со потребното знаење за задачите и предизвиците да бидат пресретнати и исполнети благовремено и квалитетно. Ни претставува задоволство да Ве поканиме на интерактивната работилница на тема: Набавка на електрична енергија – прашања што треба да се разрешат, која ќе се одржи на 7 февруари 2020 г. воPark Hotel & Spa“ – Скопје.

Деновиве особено е актуелно прашањето во врска со снабдувањето со електрична енергија. Со Законот за енергетика, пазарот на електрична енергија е отворен и секој потрошувач има право да го избере својот снабдувач. Сите договорни органи што не спаѓаат во категоријата „мали потрошувачи на енергија“ имаат обврска да изберат свој снабдувач. Доколку не избрале свој снабдувач, тие, се префрлени кај снабдувачот во краен случај, каде може да се снабдуваат најмногу до 90 дена. Снабдувачот во краен случај ја продава електрична енергија на пазарот по пазарни цени што ги објавува и ажурира на својата веб страница најмалку еднаш месечно. По истекот на рокот од 90 дена, операторот на електродистрибутивниот систем е должен да го прекине снабдувањето со електрична енергија на засегнатиот потрошувач, доколку не избрал свој снабдувач на отворениот пазар.

Кои се учесниците на пазарот на електрична енергија, со кого треба да склучите договор за јавна набавка, како да се спроведе постапка за јавна набавка на електрична енергија и како да се постават барањата и критериумите врз основа на кои ќе се избере најповолниот понудувач?

На оваа работилница ќе имате можност да добиете одговор на наведениве прашања, да се запознаете со барањата кои произлегуваат од Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти, кои треба да се имаат предвид при спроведувањето на постапка за јавна набавка на електрична енергија.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.