Нови интерактивни обуки во септември

Едукација

Со задоволство ви најавуваме уште две интерактивни обуки кои претстојат во септември:

13 септември 2019 г. во хотелот „City Park“, Скопје
СЕРТИФИКАЦИЈАТА СО ISO 50001 ГИ ОСЛОБОДУВА ГОЛЕМИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ОБВРСКАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА
– Интерактивна обука –

Законот за енергетска ефикасност кој се очекува да стапи на сила оваа есен предвидува значајни реформи. Со овој Закон за прв пат потрошувачката на енергија, енергетските заштеди, енергетските контроли – аудити, како и мерките за намалување нa енергетската потрошувачка се ставаат во законска рамка и стануваат обврска за сите. Првата енергетска контрола големите претпријатија ќе мора да ја направат најдоцна до 30.06.2020 година. Алтернативата на енергетските контроли која е понудена во Законот е имплементација на Стандардот за енергетска ефикасност ISO 50001.

Целта на обуката е да Ви ја презентира целокупната структура на овој стандард со примери за имплементација во субјекти од различни дејности и големина во јавниот и приватниот сектор, а ќе се осврне и на улогите и одговорностите на вработените, методите на планирање, следење и имплементација на мерките за подобрувања и на другите неенергетски бенефити од овој Стандард.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.

Поради задржување на нивото на квалитет, бројот на учесници е ограничен.

___________________________________________________________________

17 септември 2019 г. во Хотелот „City Park“, Скопје
НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ И ПРОПУСТИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ И НОВИНИТЕ ШТО ПРЕТСТОЈАТ ВО ОВАА ОБЛАСТ
– Интерактивна обука –

На обуката за оваа тема, под менторство на д-р Ацо Ангеловски, еден од најголемите експерти во областа во земјава, на соодветен начин ќе бидат презентирани најавените измени во законската регулатива од областа на архивската дејност, ќе се прокоментира за значењето на архивскиот материјал, ќе се направи одредена паралела и анализа за новитетите во законските и подзаконските акти и основните техники во канцелариското и архивското работење. Посебно внимание на обуката, благодарејќи на долгогодишното практично и теоретско искуство на предавачот во оваа дејност, ќе се посвети на одредени недоследности, грешки и пропусти во работењето на имателите со можни решенија за нивно надминување.

Имате можност да учествувате во оваа исклучително интересна и полезна обука од областа на канцелариското и архивското работење, со вклучени кафе-пауза, ручек, сертификат за учество, работен материјал од работилницата, како и гратис книга Канцелариско и архивско работење“ од авторот д-р Ацо Ангеловски. 

За повеќе информации во врска со деталниот план за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.