Во насока на поголема ефективност и сигурност во спроведувањето на постапките за ЈН, Симпозион овој пат ви нуди поинаква интерактивна обука-работилница за практична примена на одредбите од ЗЈН, односно, наместо класична обука со однапред подготвена, детална агенда, Ви даваме можност за Ваше директно учество во подготовка на истата. Оттука, Ве покануваме заедно со пријавниот лист да ни испратите конкретни прашања и проблеми со кои се среќавате секојдневно при спроведувањето на постапките за јавните набавки, за истите да бидат разработени и конкретно одговорени (решени) на денот на обуката од страна на стручни и искусни предавачи.
Обуката се организира под заглавна тема: „ОДГОВОРИ И РЕШЕНИЈА НА КОНКРЕТНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД ПРИМЕНАТА НА ЗЈН КАЈ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ И ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ“, и ќе се одржи на 4 октомври 2019 г. во хотелот „City Park“ – Скопје.
За сите детали околу реализацијата на обуката ве упатуваме внимателно да ја прочитате »ПОКАНАТА« и »АГЕНДАТА« со распоредот на работните сесии и Ве покануваме на 04.10.2019 г. да земете активно учество, пријавувајќи се со пополнување на овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ«, кој, заедно со прашањата, треба да го испратите на адресата: info@simpozion.mk.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.
Истовремено, задоволство ни е да Ви понудиме една нова услуга: изработка на интерни процедури за јавни набавки, кои Симпозион ги подготвува строго наменски за секоја институција, зависно од нејзината внатрешната организациска структура.
Интерната процедура дава одговор на конкретни прашања како што се: кој, што, кога и како постапува при реализација на постапките за доделување на договори за ЈН кај договорните органи. Притоа, процедурата ги содржи следните делови:
- процедура за набавки под задолжителните прагови (без примена на одредбите од ЗЈН),
- процедура за јавните набавки над задолжителните прагови.
- сите потребни обрасци што се користат во постапките за јавни набавки (барање за започнуваење на постапка за јавна набавка, референтни документи и сл.)
Придобивките од примената на интерната процедура во процесот на спроведување на постапките за јавни набавки се огромни, бидејќи се воспоставува ред и контрола со однапред дефинирани правила за постапување на сите лица – директно или индиректно вклучени во јавните набавки.
Договорните органи кои се заинтересирани за изработка на интерни процедури треба да испратат барање на понуда на адресата: info@simpozion.mk, по што следи работен состанок и подготовка на конкретна понуда.