ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ДОГОВОРИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Примената на Законот за облигационите односи и заштитата на страните и нивните права и обврски во парнична постапка пред редовните судови на договорите за јавни набавки, настапува од моментот на стапување во сила на договорот или произведување на правно дејство помеѓу договорните страни на договорите за јавни набавки.
Преку оваа обука, учесниците ќе имаат можност да се едуцираат за примената на Законот за облигациони односи на договорите за јавни набавки, при што вниманието посебно ќе биде насочено кон добивање одговор на следниве прашања: 1) дали тендерската документација води кон задолжително склучување на договорите и дали постои можност да не се склучи договор за јавнa набавкa; 2) што е тоа пред–договор, а што модел на договор; 3) кои се правата и обврските на договорните страни и кој е ризикот-правните последици во случај кога не се исполнуваат договорните обврски; 4) дали договорите за јавни набавки можат да содржат извршна клаузула; 5) како се толкуваат договорите и посебно договорите за јавни набавки; 6) кога може да се направи нотификација или приговор за неправилно исполнување или неисполнување на договор; 7) кога може да дојде до раскинување на договор поради неправилно исполнување или поради неисполнување на договорот; 8) кога може да дојде до раскинување или измена на договорот поради променети околности; 9) што е тоа невозможност за исполнување на договорот и какви се правните последици; 10) кога се активира банкарска гаранција; 11) за кои обврски и кога тече казнена камата; 12) дали е можно пребивање (компензација) кај договорите за јавни набавки; 13) дали институтот отпуштање на долг може да се примени кај договорите за јавни набавки; 14) што е тоа застареност и кога настапува; дали е можно отстапување на побарување (цесија) кај договорите за јавни набавки; 15) каква е одговорноста за материјалните недостатоци и кои се обврските од гаранцијата за исправно функционирање на испорачаните стоки; 16) кои се начините за престанување на договорот за јавнa набавкa; 17) што е тоа договор за контрола на стоки и услуги.
СИТЕ ЧЕКОРИ ВО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА, КОРИСТЕЊЕ НА Е-СРЕДСТВА И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ
Спроведувањето на постапките за доделување договори за јавни набавки бараат целосна посветеност, стручност и поседување специфични вештини на лицата кај договорните органи директно вклучени (задолжени) за нивна реализација, согласно одредбите од Законот за јавни набавки и подзаконските акти.
Основна цел на дводневната интерактивна обука е практично водење низ сите чекори во спроведувањето на постапките за јавни набавки, од планирањето на набавките и изработка на ГПЈН, преземањето активности пред отпочнувањето на постапката за јавна набавка, почетокот на постапка и нејзино спроведување, и завршувањето на постапката за ЈН.
Низ дводневната обука ќе се разработи и практичен пример за начинот на спроведување на постапките за јавни набавки со користење електронски средства преку ЕСЈН, а целата сесија ќе биде заокружена со практични примери од правната заштита во јавните набавки, надлежностите и постапувањата на Државната комисија за жалби по јавни набавки, битните повреди на ЗЈН во постапките и обврските на договорните органи по добиените решенија од ДКЖЈН.
Со реализација на дводневната едукативна програма, ќе дадеме свој придонес кон развојот на искуството и вештините на лицата кои се директно вклучени во спроведувањето на постапките за ЈН.
ОСНОВИ НА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ
Целта на обуката е да се збогати искуството и професионалноста во работењето во оваа област, кои се условени од доследното почитување на правната регулатива, како од страна на имателите, така и од архивите – процес регулиран со Законот за архивскиот материјал (ЗАМ), како и од техниките во канцелариското и архивското работење: од приемот на документите до предавањето на архивскиот материјал на надлежниот архив.
На обуката, учесниците ќе имат ексклузивна можност да ја обезбедат книгата „Канцелариско и архивско работење“ од д-р Ацо Ангеловски, во издание на СИМПОЗИОН, со попуст од 10%, односно по цена од 2.061,00 денари + 5% ДДВ. Книгата има за цел да го олесни работењето во оваа област, притоа изобилувајќи со примери од праксата.
Со подобрена содржина базирана на фидбекот од учесниците на веќе успешно спроведената обука на истата тема, Ве покануваме на квалитетнa и кориснa професионална обука.