Самоевалуација на контролорите (општата регулатива за заштита на личните податоци)

Едукација

За сериозна професионалната надградба се потребни внимателно подготвена средина и пристап приспособен кон јасно препознаените потреби на професионалците. Ние неколку години работиме со специјализирани методи за да Ви ги обезбедиме тие важни услови. Ве покануваме да ги повишите своите професионални квалификации повишување преку учество на интерактивната обука на тема „Самоевалуација на контролорите во пресрет на општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR)“, која на 26 март 2019 Симпозион ја организира во хотелот City Park“ – Скопје.

Во секојдневието постојано разменуваме лични податоци: свесно или несвесно ги споделуваме личните, податоците на пријателите, на колегите, на клиентите итн. Секоја активност на интернет зад себе остава информации за корисникот, специфични за неговиот физички, ментален, економски, културен или социјален идентитет, кои може да го идентификуваат граѓанинот, неговата локација, да ги идентификуваат неговите интереси, хобија и стравови.

Заради зајакнување на заштитата на личните податоци на поединецот е донесена Општата регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation – GDPR), која влезе во сила на 25 мај 2018 година во земјите членки на Европска Унија. Според оваа регулатива, Република Северна Македонија треба да донесе нов закон во кој што ќе бидат опфатени новите решенија.

Во текот на работниот век, извршувајќи ги своите работни задачи, секој вработен обработува илјадници лични податоци. Овде сосема природно се поставуваат прашањата:

  • Што треба компанијата/државниот орган да направи во пресрет на донесувањето на Општата регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation – GDPR) ?
  • Како самите да го оцениме степенот на усогласеност со прописте за заштита на личните податоци (концепт на воспоставување систем за самоевалуација)?
  • Како да ја провериме валидноста на дадената согласност?
  • Како да ги заштитиме личните податоци?
  • Како да демонстираме одговорност и отчетност (accountability)?

Одговори на овие прашања, како и насоки за воспоставување систем за самоевалуација во однос на примената на прописите за заштита на личните податоци, нуди Обуката за заштита на лични податоци, закажана за 26 март 2019.

Предавачите на оваа обука се практичари со долгогодишно искуство во областа на заштитата на личните податоци и во спроведувањето на обуки од оваа тема, а кои воедно учествуваа и во подготовката на новиот Закон за заштита на личните податоци.

Ве молиме да ја разгледајте комплетната поканаагенда и пријавниот лист, кој, доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме да го испратите на info@simpozion.mk