Подготовка на ТД и евалуација на понудите – најчести грешки во практиката

Едукација

Симпозион продолжува со спроведување стручни едукативни предавања и собири во областа на јавните набавки за да ги развие и унапреди знаењата и вештините на вашите професионални тимови, а со тоа и да ги зајакне капацитетите на Вашите фирми и институции за целисходно, законито и конзистентно работење во оваа сфера.

Имајќи предвид дека најголем број од изјавените жалби во постапките за јавни набавки се резултат на сторени битни пропусти при изработката на тендерската документација или погрешно спроведена евалуација на понудите од страна на договорните органи и несоодветен избор на најповолна понуда, сметаме дека e вистински момент претстојната работилница да се посвети токму на оваа тема, со цел надминување на проблемите и успешна подготовка на тендерската документација и евалуација на понудите согласно Законот за јавни набавки, како клучен момент во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.

За да ги разјасниме и адресираме сите дилеми и проблеми, како на економските оператори, така и на договорните органи, кои се јавуваат како резултат на евалуација на понудите, ја организираме интерактивната работилница на тема „Подготовка на тендерска документација и евалуација на понудите – најчести грешки во практиката“, која ќе се одржи на 7 јули 2021 г. (среда) на отворено, во ресторанот „Бела вода“ – Велешко Езеро.

Работилницата е наменета за договорни органи (одговорно лице, лица за јавни набавки, членови на комисии за јавни набавки, надворешни стручни лица кои ѝ помагаат на комисијата при евалуацијата), економски оператори (управители, лица кои ги подготвуваат понудите), лица од академската заедница кои ги изучуваат јавните набавки, студенти кои ги изучуваат јавните набавки, невладиниот сектор, кој будно ја следи состојбата во важните домени на нашата држава, и сите лица чие работење е во допир со јавните набавки.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за работилницата. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.