Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање

Едукација

Спроведувањето на пописот е обемна, сериозна и одговорна работа, која мора да се изврши пред изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи. Резултатите од спроведениот попис претставуваат основа за реално прикажување на податоците во финансиските извештаи, а пописниот елаборат е предмет на внатрешна и надворешна ревизија.

За да ја пресретне сериозноста на задачите поврзани со пописите и за да им ги пренесе потребните знаења и вештини за нужното ниво на стручност на лицата задолжени за попис, Симпозион организира дводневна работилница на тема: „Попис на средствата, обврските и побарувањата, усогласување на сметководствената со фактичката состојба, сметководствено евидентирање“ на 16 и 17 декември 2020, преку платформата ZOOM заради максимална достапност до сите заинтересирани.

Целта на оваа практична работилница е да им се добијат експертски и применливи толкувања, објаснувања и практични насоки – преку работа со примери – за сите аспекти на пописот на вработените одговорни за спроведување на постапките за попис.

Работилницата ќе се спроведе на високо стручно ниво, со користење многубројни примери, прашања, одговори, студии на случај, дискусии од страна на долгогодишни предавачи во областа, според што, како стручен едукативен настан, наменета за членови на пописни комисии, финансиски работници (лица задолжени за материјална евиденција и лица задолжени за сметководствена евиденција), внатрешни ревизори и одговорни лица. Содржините што ќе ги покриеме би биле корисни и за сите заинтересирани претставници на буџетските корисници, единки корисници, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија и трговските друштва.

Повеќе за оваа работилница можете да прочитате во официјалната »ПОКАНА«. Ве покануваме, исто така, да ја разгледате предвидената »АГЕНДА« за тридневната работилница. За да пријавите учество Ве молиме да ни го испратите пополнет овој »ПРИЈАВЕН ЛИСТ« на info@simpozion.mk.

Во рамките на оваа покана, би сакале да Ви препорачаме и две исклучително вредни книги во професионлните области на јавните набавки и на архивското работење, кои можете да си ги обезбедите преку Симпозион:

Практичен водич низ јавните набавки“ – најновиот труд од областа на јавните набавки, кој е дизајниран за да послужи како алатка за практичарите и како општ референтен документ за понудувачите, и кој изобилува со квалитетни и корисни информации за јавните набавки. Водичот е во авторство Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски, кои се авторитетни познавачи на областа на јавните набавки.

Канцелариско и архивско работење“ – издание на Симпозион, кое опширно и продлабочено ги покрива сите практични нужности, важни процедури и законски обврски поврзани со уредувањето и водењето на архивскиот и документарниот материјал, ползувајќи се со професионалното и академското знаење на авторот, доц. д-р Ацо Ангеловски, како и неговото долгогодишно искуство од областа.

За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната електронска адреса.