Со следната обука го ставеме под лупа раскинувањето на облигационите договори, многу важен сегмент во функционирањето на државните институции и фирмите, односно економските оператори. Обуката под наслов „Престанување на договорите“ ќе се одржи на 28 февруари во „Park Hotel & Spa“ – Скопје.
Правилното исполнување е должност на договорните страни и еден од најпосакуваните начини на престанување на договорите. Сепак, Законот за облигационите односи и други закони со кои се уредуваат договорните односи предвидуваат дека е можно да настанат состојби што доведуваат до тоа договорите да бидат раскинати: договорно, еднострано или по сила на закон. Раскинувањето е еден од начините на престанување на полноважен договор, што сè уште не е исполнет или е само делумно исполнет.
Обуката ќе послужи да се обноват и прошират знаењата за раскинувањето на договорите:
- разграничување на раскинувањето на договорите од другите облици на престанок на договорите;
- разграничување на видовите раскинување договори: договорно, еднострано и врз основа на закон;
- спецификите на раскинувањето кај фиксните договори;
- институтот на битна повреда на договорот во домашното и споредбеното право и предлози за измена на домашното право de lege ferenda
- институтот на битна повреда во странската судска практика
- кога може да се направи нотификација или приговор за неправилно исполнување;
- кога може да дојде до раскинување или измена на договорот поради променети околности;
- што е тоа невозможност за исполнување на договорот и какви се правните последици;
- правото на повлекување и правните последици од повлекувањето кај потрошувачките договори;
- разликување на раскин на договорот од откажување од договор што бил договор на неопределено време;
- правни последици од раскинување на договорите;
- тужба и процесно правни последици при апсолутна ништовност, рушливост, побојност и раскинување на договорите во постапка пред суд.
Слушателите ќе се стекнат или ќе ги прошират практичните знаења за поставување на тужбени барања во случаи за ништовност, поништување и раскин на договорите и тужбени барања за реституција и за надомест на штета и ќе се запознаат со компаративни примери од странска судска практика.
За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.
