Следна обука: примена на новиот закон за јавни набавки

Едукација

Неодамна донесениот нов Закон за јавни набавки (ЗЈН) го променува и унапредува системот на јавните набавки преку нови решенија. За да бидеме дел од оние кои ќе бенефитираат од нормативното унапредување и за уште од старт да работиме според нововоспоставениот систем, клучно е да ги стекнеме потребните знаења и увиди. Висококвалитетната професионална едукација ни го овозможува токму тоа.

Со задоволство Ве покануваме на интерактивната обука на тема „Примена на новиот закон за јавни набавки, која на 4 април ќе се одржи во хотелот „Best Western Hotel Turist“ – Скопје. Обуката ќе Ви овозможи да се стекнете со знаења и вештини за примената на новиот закон за јавни набавки преку детална разработка на важните подрачја во јавните набавки, особено оние во кои се направени измени со новата регулатива.

Во три работни сесии, ќе бидат опфатени неколку множества од важни теми поврзани со примената на новиот закон за јавни набавки: усогласувањето на планот за јавни набавки со новиот ЗЈН, проверката на пазарот, оформувањето на јавната набавка во делови, набавките од мала вредност, примената на динамичниот систем за набавки, утврдувањето на способноста, користењето на способноста од други субјекти, новите правила при групно поднесување понуда и поголемата заштита на подизведувачите, примената на критериумот економски најповолна понуда, евалуацијата на понудите, имплементацијата на електронската жалба, управувањето со договорот и неговото менување итн.

Земајќи ги предвид потребите, барањата и очекувањата, обуката е внимателно конципирана и содржините се соодветно разработени за да одговараат максимално на интересите и на договорните органи (лица за јавни набавки и членови на комисии за јавни набавки) и на економските оператори. Материјалот што ќе биде предмет на настава и дискусија е, секако, од интерес и за сите лица чие работење е директно или индиректно поврзано со јавните набавки.

Предавачите на работилницата, наведени во агендата за обуката, се меѓу ретките во земјава со толку богато искуство во работата со јавните набавки, како и во советувањето, консалтингот и едукацијата во оваа област. Во обуката ќе го вложат своето повеќедецениско искуство и ќе дадат важни и стручни упатства за најновите уредби во областа на јавните набавки.

За повеќе информации околу планот за обуката ве молиме да ги прочитате агендата и поканата за истата. За учество можете да се пријавите  со пополнување на овој пријавен лист, кој го испраќате на нашата електронска адреса: info@simpozion.mk.

Воедно, Ве информираме дека сè уште отворен повикот за пријавување за учество на следниве обуки:
Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење (20 март)
Самоевалуација на контролорите (општата регулатива за заштита на личните податоци) (26 март)