Приспособена едукација со живо присуство: јавните набавки – предизвици со кои се соочуваме

Архива

Во согласност со тековните протоколи за организирање групни настани и со цел да излеземе во пресрет на долго суспендираната потреба од жива едукација и консултација на вработените во доменот на јавните набавки, Симпозион успешно ја спроведе најавената работилница под наслов Јавните набавки – предизвици со кои се соочуваме во вторник, на 22 септември.

Работните сесии, кои опфатија наставен дел и вкрстена дискусија, се одвиваа под раководство на Рита Глигоријевска, еден од водечките експерти во областа на јавните набавки во земјава, долги години вклучена во создавањето и широкото спроведување на законските прописи со кои се регулира оваа комплексна и сензитивна проблематика. Со солиден број учесници, работилницата пренесе сеопфатни согледби во однос на предностите и предизвиците од новите законски решенија, врз основа на осумнаесетмесечното искуство од примената на новиот Закон за јавните набавки.

Работилницата беше одржана во амбиент кој истовремено овозможи жива дискусија и активна размена на идеи, како и целосна адаптација на тековните протоколи и најдобри практики за обезбедување на личната безбедност во очи на опасностите што ги носи тековната епидемија на корона вирусот. Одличните услови на ресторанот „Ореов лад“, во соработка со нашиот логистички тим, го обезбедија она што слушателите го оценија како уредно и крајно пријатно искуство.

Во рамките на работилницата беше презентиран и најновиот труд од областа на јавните набавки – „Практичен водич низ јавните набавки“, во авторство на Рита Глигоријевска, Марија Јованоска, Александар Аргировски и Горан Давидовски. Ова вредно издание може да се обезбеди преку Симпозион (за повеќе информации, поврзете се со нас на info@simpozion.mk).

Симпозион и досега активно и успешно се приспособуваше на променливите општествени реалии и на реастечките потреби за знаење и експертиза, што продолжуваме да го правиме внимателно набљудувајќи ги вашите работни практики и дискутирајќи ги со вас предизвиците што произлегуваат од редовните и вонредните деловни обврски, задачи, планови и амбиции.

За успехот на одржаната работилница говори и малата фото архива од работните сесии – во продолжение.