Пролетната едукативна сезона е исклучително важна бидејќи рано во годината ги носи важните теми и знаења што треба стручно и темелно да се применат во професионалното работење. Во блокот обуки, работилници и семинари што Симпозион активно го подготвува за оваа едукативна сезона, како еден од поважните настани го издвојуваме тридневниот семинар „Циклус на јавните набавки и пракса“.
Во рамките на семинарот, кој ќе се одржи од 7 до 9 мај во Нови Сад, Војводина, ќе бидат разработени предавања, студии на случај и дискусија за практични прашања што се појавуваат во одделни фази од целиот циклус на набавки. На самиот настан, ќе имате можност да ги презентирате вашите дилеми и проблеми и да разговарате за нив со врвни експерти од областа на јавните набавки, а своите искуства да ги споредите и споделите со колеги од различни институции и фирми. Клучното е, се разбира, што стекнатите знаења и вештини ќе можете да ги примените при спроведувањето на набавките.
Сакајќи што повеќе да ги приближиме едукативните содржини до слушателите, ќе посветиме особено внимание на обработката на барањата, проблемите и очекувањата на учесниците. Потенцијално заинтересираните можат уште пред официјалната објава да ни испратат прашања, сугестии и најави за учество. Се разбира, и останатите прашања по пријавувањето ќе бидат соодветно разгледани. Ние ќе ги доставиме до нашите предавачи, кои ќе ги интегрираат вашите проблеми во програмата и ќе одговорат на нив за време на семинарот.
Агендата на најавениот семинар ќе биде придружена со дополнителна туристичка програма, која ќе подразбира искусување на ретките посебности и препознатливите места на војводинскиот крај.
Наскоро ќе објавиме подетални информации во врска со најавениот семинар во Нови Сад и со пролетната едукативна сезона, со што ќе почне рокот за пријавување со право на попуст за ранопријавените учесници. Во меѓувреме, следете ја официјалната страница на Симпозион за сите новости, а за сите прашања контактирајте нè на официјалниот број: 078 271 576 или на info@simpozion.mk