Ве покануваме да земете учество во еднодневната тематска работилница за рамковните спогодби како начин на доделување на договорите за јавни набавки која на 29 ноември ја организира Симпозион во хотелот „City Park“ – Скопје, под наслов: „Рамковни спогодби vs класични договори: зошто, кога и како се применуваат (низ практични примери и размена на искуства)“.
На оваа обука, ќе го разјасниме поимот на рамковните спогодби, начинот на склучувањето и времетраењето на истите, видовите на спогодби, доделувањето на поединечните договори преку рамковните спогодби, потребата од известување за доделени рамковни спогодби и поединечни договори за јавни набавки, правото на жалба во спогодбите, а сето тоа согласно ЗЈН.
Преку учеството на работилницата, ќе добиете јасна слика за практичната применливост на рамковните спогодби во споредба со класичните договори за јавни набавки.
Повеќе за оваа работилница можете да прочитате со клик на документите »ПОКАНА« и »АГЕНДА«. За да пријавите Ваше учество ве молиме да ни го испратите пополнет овој »пријавен лист« на info@simpozion.mk.
Воедно, дозволете да Ве потсетиме дека наближува крајниот рок (19 ноември) за пријавување за учество во дводневниот интерактивен семинар од областа на јавните набавки на тема: „Операционализирање и интегрирање на барања, критериуми, услови и стандарди во постапки за јавни набавки“, кој ќе се реализира во периодот од 21–23 ноември во Hotel La Terrazza – Стар Дојран. За овој семинар можете да прочитате повеќе овде.
За сите дополнителни прашања, слободно контактирајте нѐ на тел. 078 271 576 или на официјалната имејл адреса.