Новините во јавните набавки – успешно претставени пред голем број слушатели

Архива

Сите новини во законската регулатива мора да ги пресретнуваме со сериозна подготвеност – во интерес на законитоста на работењето, но и во интерес на целокупната ефикасност и ефективност на нашите институции или фирми. Реализираната интерактивна обука „Новините во правилата и политиките за јавни набавки и спецификите на набавката на електрична енергија“ на 6 март ги пренесе сите важни детали поврзани со новините што ги донесе новиот Закон за јавни набавки, како и важните аспекти на јавните набавки за енергија.

Под менторство на најстручните во областа – експерти од Бирото за јавни набавки и долгогодишни професионалци во областа на набавката на електрична енергија – во четири едукативни сесии беше презентирана концентрирана содржина на темите најавени во агендата и се одвиваа одлични дискусии со предавачите. Успешно беа пренесени знаења и вештини за новите правила за јавните набавки, за тоа како тие се применуваат, а беа разменети искуства со претставниците од различни договорни органи и економски оператори кои се среќаваат со исти предизвици при работењето со  јавните набавки.

На обуката присуствуваа голем број претставници и на договорните органи и на економските оператори, кои дадоа – речиси без исклучок – највисока оценка на сите аспекти на обуката. Добиените коментари, покрај искажаното задоволство од проследениот настан, ги сумираат желбите и потребите на договорните органи и економските оператори за идни едукативни настани, со чија подготовка уште веднаш се зафаќаме.

Квалитетната едукација е клучна за навремено и соодветно фаќање чекор со новините во практиката и во законското уредување на професионалните домени во кои што работиме. Во Симпозион остануваме посветени на внимателно одбирање на знаењето и искуството за да Ви обезбедиме висококвалитетна едукација.

Разгледајте го – во продолжение – искуството од спроведената обука низ фотографии.

Во претстојниот период најавуваме уште низа обуки за професионална надградба, а од најскорешните ги издвојуваме:
Почитувањето на правната регулатива – предуслов за успешно канцелариско и архивско работење (20 март)
Самоевалуација на контролорите (општата регулатива за заштита на личните податоци) (26 март)